Голман коj ветува

Петрова Цветанка, фудбалер. Позиција – голман.   Родена е на  7.11.1991 Велес. Средно образование завршува во ССОУ “Димитрија Чуповски“- насока општа медицина. Моментално  студира: Нутриционизам при ТТФ Велес. Тренажниот процес го започнува на 14 години, во 2006год.  по завршувањето на основно образование, во женски фудбалски клуб „Борец“-Велес. Во нејзината кариера треба да се истакнат следните настапи:

•    2008 Квалификационен турнир за Лига на Шампиони со KFF „Shqiponjat“- Скопје
•    2010 Двојна круна со ЖФК „Борец“ -Велес
Шампиони во женска конкуренција
Куп на Македонија – жени
•    Над 30 настапи во репрезентативниот дрес и тоа
У-17 Селекција , У-19 селекција и сениорска
•    Во првиот тим на селекцијата што се пласираше  на Европско Првенство за девојки до 19 години, заедно со најдобрите 8 европски земји кое се одржа во Мај 2010год во Скопје.
•    Квалификации за СП 2011 – сениори
•    Прогласена за млад надежен спортист од Агенцијата за млади и спорт.
•    Стипендист на Агенција за млади и спорт.
•    Player of the match  Gintra Univerzitate – Borec , Лига на шампиони Август 2010

На Цветанка идол и е Пепе Реина и Касиљас , а би сакала да игра во Шпанија или Италија. Желба и е да игра во светски позна клуб како : Барселона, Реал, Баерн Минхен, Милан, Ливерпул …

 

 

 

Порталот www.kineziologija.mk и посакува на Цветанка уште многу минути мирна мрежа во нејзината извонредна фудбалска кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*