Home / СУС Велес / СУС Велес / Гимназијада “Прилеп 2012“

Гимназијада “Прилеп 2012“

Во рамките на училишните натпревари, од 10 до 12 Мај 2012 година, во Прилеп,  се одржуваат Државните спортски игри за средни училишта познати како Гимназијада ,  на кои ќе учествуваат најдобрите спортски екипи односно ученици-спортисти од средните училишта во Република Македонија. Организирањето на Гимназијада Прилеп 2012 е со дадената подршка од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука, спортските сојузи и секако Општина Прилеп, а тоа е гаранција, за успешно одржување на овие игри, туку и за создавање на помасовен и поквалитетен училишен спорт, како и за развој на спортот во целина во нашата држава. Општината Прилеп, која има многу дадено во спортот, досега се докажа како успешен организатор и домаќин на голем број на државни првенства во разни спортови. Имајќи го предвид широкото значење на спортот, особено кај училишната младина,  во целост прифаќање на мотото на Светска федерацијата за училишен спорт: “ ВОСПИТАНИЕ ВО СПОРТОТ И ПРЕКУ СПОРТОТ “ , како и на Федерацијата за училишен спорт на Македонија: “ УЧЕНИЦИТЕ САКААТ ДА СПОРТУВААТ, ДА ИМ ГО ОВОЗМОЖИМЕ ТОА “. Во рамките на Оваа Гимазијада од страна на Сојузот на училишен спорт на Велес учество зема три екипи и тоа една екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ во футсал и две екипи на Гимназијата “Кочо Рацин“ во одбојка во машка и женска конкуренција. На отварањето кое што се одржа во Прилеп на 10.5.2012 год. од страна на СУС- Велес учество земаа и десет наставници по спорт и спортски активности од градот кои имаа и средба со Градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески и претседателот на ФУСМ, г-дин проф. д-р Александар Туфекџиевски.

 

 

роф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu