Home / Методика на ФЗО / Методика на ФЗО / Да ја спречиме дебелината !!!

Да ја спречиме дебелината !!!

Зголемената телесна тежина или дебелината преставува една од главните здравствени проблеми на денешницата. Процентот на дебели лица на светско ниво незадржливо расте во последните 20 години и спрема светската здравствена организација (СЗО) преставува една една од најголемите закани по здравјето на луѓето. Конкретно голем проблем опфанат со дебелината преставува зголемената телесна тежина кај децата, а воедно утврдено е дека дебелите деца кои имаат  тенденција да телесната тежина ја задржат и по касно во животот, а со тоа да имаат и им се создаваат изразени здравствени проблеми во однос на лица кои се здебелиле во покасно во животот.  Затоа зголемената телесна тежина и превенција од неа,  како феномен постана и предмет на интерес и истражувања од страна на многу истражувачи и научни работници.  Од големиот број на научни студии сумирано е дека во состојбата на дебелина големо значење има физичката активност, а воедно игра значајна улога. Група на истражувачи и научни работници од Европа (Шведска, Естонија, Шпанија) во широко развиена шестгодишна студија, на примерок од 598 испитаници – деца на возраст од девет и пол години, утврдиле фактори кои влијаат на дебелината во пубертетот. Резултатите од истражувањето покажуваат  дека нивото на кардиореспираторна  издржливост (Vo2max) е најголем  негативен предиктор на дебелината. Помалку и изненадувачки, ризикот за појавување на дебелината,  се намалува само со 10 % зголемување на Vo2max од 1 ml/kg/min. Истражувачкиот тим со овој податок носи главен заклучок, а тоа е потреба за реафирмирање на значењето на редовна физичка активност со висок интензитет кај децата од најрана возраст. Истражувањето е објавено во мартовската ревија на списанието Medicine and Science in Sports and Exercise за 2011 година .

 

 

проф. Ангелче Гшев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*