Home / Индивидуални спортови / Останато / Историја на пинг – понгот

Историја на пинг – понгот

Играта има потекло од аристократска Англија каде што луѓето од повисока класа во полсе вечерните часеви практикувале една врста на минијатурен тенис во затворена просорија,каде што како мрежа ставале редица на книги,крајните блокови биле обележани со шишиња од шампањ,а како рекети се користеле кутии за цигари кои имале плочеста структура. Пинг-понгот се развил се развил во модерната Европа,Америка и во Јапонија.Популарноста на играта растела до тој степен што некои компании почнале да прават реквизити и опрема за играње на пинг-понг. Најраните рекети претставувале метална рамка на која е прицврстена кожа.Поради таквиот состав рекетите со топката задавале карактеристичен звук и поради тоа пинг-понгот се викал и Виф-Ваф. Наредните иновации кои се продуцирани од Џејмс Гиб доста придонеле за развој на пинг-понгот во Англија,посебно со неговиот иновитет на Целулитна Топка.Во 1901 година бил иновиран нов модел на рекет кој претставуваат цврста разлика и цврста подлога на кој е залепен гумен слој. Во 1902 година веќе играта и популарноста добивала на интензитет и биле одржани првите мечеви.Во 1902г. е организиран прв неофицијален светски натпревар во пинг-понг.Играта во тоа време била достапна и до Руската аристократија и со тоа била пренесена на поглеми граници. Во 1921 година е формирана прва пинг-понг федерација во Лондон.Лондон станал центар според играноста на играта,каде што и бил организиран првиот официјален светски натпревар во пинг-понг во 1927г. Во 50-титте години од минатиот век рекетите користеле површина која имала доста голем коефициент на триење,односно рапава површина.Во почетокот на деценијата биле внесени промени каде што на површината прво бил нанесен сунгерест слој,а над него гумен слој.Со ова виле внесени промени во играта,топката со здобиениот вртлив момент (вртеж-спин) се движела со поинаква патека. Од 2000 година, ИТТФ вметнала доста измени во правилникот на играта со што имала за цел да ја направи играта подостапна за телевизискиот пренос.Како прво ја зголемила топката која од предходни 38mm била 40mm во дијаметарот со што и го зголемл отпорот на топката и со тоа и се забавила нејзината брзина.Но веќе во ова време играчите користеле посебен вид на облога за рекетите со што на играта и давала посебна динамика и многу тешка за пренос од ТВ приемницата до гледачите. Втора измена е однос на поентирање.Лимитот на еден game set од 21 поен е намален на 11 поени со што е победник тимот-играч кој прв ќе стаса до 11 поени и победи со разлика од два поена. Внесени се и правила за играње. Сервирање каде по новите правила играчот после фрлената топка од едната рака ја удира со рекетот дури кога таа ќе ма минимално растојануе од местото на фрлање за 16cm. Во 60-титте години се промени и составот на самите табли,тие се премачкуваат со гумен слој со што на топката и задаваат посебен спин односно и ја менуваат насоката.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu