Сервисот го означува почетокот на играта, но и подготовка за завршната акција. Подеднакво е значајно да се знае да сервира и да се прима сервисот. Сервирањето може да биде со форхенд и бекхенд, а тоа се разликува во ротацијата на топката и тоа: краток сервис, долг сервис, потоа подсечен – каде што топка оди горе – доле и по страна. Играчот по сопствена волја одлучува за начинот на сервирањето какава ке биде ротацијата и на кој дел од масата ке биде испратена топката. Добро изведен сервис може непосредо да донесе поен или пак да го принуди противникот да возврати употреблива топка од која ке се добие позитивен поен.
Насоката на сервисот зависи од замавнувањето на играчот со рекетот со кој сервира, јакоста на ротацијата од брзата реакција на раката со ангажирање на шака. Видот на ротацијата зависи од повлекувањето на палкта нагоре, доле и во страна. Со создадени различни фелшови се создаваат сервиси кои се доста незгодни за противникот.
Бекхенд сервис:
-телото на играчот насочено кон масата за играње,
-телото малку наведнато кон масата а нозете малку згрчени во кoлената
-удирањето на топката со надворешниот заден дел на палката
-раката од доле оди кон горе во висина бочно над глава и се движи пред себе
-сложено движење на раката во форма на “S”
Форхенд сервис:
-телото на играчот насочено кон масата за играње со исчекор на десната нога дијагонално,
-телото дијагонално наведнато кон масата, а нозете малку згрчени во кoлената
-удирањето на топката со внатрешниот преден дел на палката
-раката се движи од среде, горе и оди доле под масата
-сложено движење на раката во форма на “c”