Зголемената телесна тежина или дебелината преставува една од главните здравствени проблеми на денешницата. Процентот на дебели лица на светско ниво незадржливо расте во последните 20 години и спрема светската здравствена организација (СЗО) преставува една една од најголемите закани по здравјето на луѓето. Конкретно голем проблем опфанат со дебелината преставува зголемената телесна тежина кај децата, а воедно утврдено е дека дебелите деца кои имаат тенденција да телесната тежина ја задржат и по касно во животот, а со тоа да имаат и им се создаваат изразени здравствени проблеми во однос на лица кои се здебелиле во покасно во животот. Затоа зголемената телесна тежина и превенција од неа, како феномен постана и предмет на интерес и истражувања од страна на многу истражувачи и научни работници. Од големиот број на научни студии сумирано е дека во состојбата на дебелина големо значење има физичката активност, а воедно игра значајна улога. Група на истражувачи и научни работници од Европа (Шведска, Естонија, Шпанија) во широко развиена шестгодишна студија, на примерок од 598 испитаници – деца на возраст од девет и пол години, утврдиле фактори кои влијаат на дебелината во пубертетот. Резултатите од истражувањето покажуваат дека нивото на кардиореспираторна издржливост (Vo2max) е најголем негативен предиктор на дебелината. Помалку и изненадувачки, ризикот за појавување на дебелината, се намалува само со 10 % зголемување на Vo2max од 1 ml/kg/min. Истражувачкиот тим со овој податок носи главен заклучок, а тоа е потреба за реафирмирање на значењето на редовна физичка активност со висок интензитет кај децата од најрана возраст. Истражувањето е објавено во мартовската ревија на списанието Medicine and Science in Sports and Exercise за 2011 година .
проф. Ангелче Гшев