Покрај тоа што постојат поголем број на причини зошто е тоа така, може да се констатира дека многу се подобрени тренажните технологии, потоа материјалните услови, помошните средства за тренингот како и селекцијата на се полантираните спортисти, а тоа се и главни главните причини за развој на спортските технологии. Меѓутоа како стојат состојбите, по се изгледа дека ќе дојде и ќе има вклучување и на гетскиот инжињеринг во областа на спортот. Неодамна е објавено истражување на примерок на глушец, каде што е утврдено дека непостоењето на специфичниот ген (IL- 15R-alfa) доаѓа до 6,5 пати подобри резултати во издржливоста во однос на контролираната група која го поседува овој тип на ген ! Научниците од Медицинскиот факултет при универзитетот во Пенсилванија (САД) утврдиле дека недостатокот на овој ген доведува до репрограмирање на брзите мускулни влакна (инаку слабо отпорни на замор) во мускулни влакна кој доста се отпорни на замор и оптеретување ! Со истражувањето исто така се утврдило и дека има значајна поврзаност помеѓу генетиката и резултатите во спортовите на издржливост и се укажува на генетска детерминираност на спортските резултати во спортовите на издржливост. Конечно со овие откритија има несомнено значење и во потенцијалните лекувања на разлчини болести поврзани со локомоторниот апарат. Голем дел од гореспоменатите истражувања се објавени во септемврискиот број на ревијата Journal of Clinical Investigation за 2011 година.
проф. Ангелче Гушев