Неколку вежби…

Преставуваме неколку едноставни вежби преку кои ќе го зацврстите телото и ќе го зголемите нивото на енергија.

Вежба 1
Застанете во малку потклекната положба,со задникот издаден наназад.Колената нека ви бидат во свиткана положба издадени пред стапалата. Левата рака со стисната тупаница поставете ја веднаш до струкот. а десната испружете ја високо наготе и потоа навалете ја на лево преку главата. Стојте во таа положба додека не земете три длабоги здива. Потоа преминете на смена на рацете. Повторете ја вежбата по 12 пати со секоја рака.

Вежба 2
Застанете со паралелни стапала поставени пошироко од колковите. Задникот благо исфрлете го наназад, а колената свиткајте ги до степен кога ќе бидат понапред од стапалата. Грбот држете го исправен. Стегнете тупаница и поставете ги рацете до струкот. Левата рака нека ви остане до струкот а десната испружете ја напред. Вдишете длабоко а потоа издишее. При издишувањето повлечете ја десната рака кон себе а со левата замавнете нанапред. Повторете ја оваа вежба од 30 до 40 пати.

Вежба 3
Од исправена положба одразете се со десната нога додека левата ќе ја дигнете нагоре со свиткано колено. Во исто време левата рака држете ја исправена, паралелно крај телото, додека десната свиткана под агол од 90 степени ќе ја исфрлите нанапред. Потоа сменете ги нозете и рацете. Повторете ја вежбата по 20 пати за секоја нога со која се одразувате.

Вежба 4
Застанете исправени и раширете ги нозете до широчина на рамената. Рацете отпуштете ги крај телото. Одразете се на десната нога додека со левата странично ќе замавнете (од најголемата височина која не ви предизвикува болка). Истовремено замавнете и со двете раце во истата насока со ногата потоа сменете ја ногата. Направете по 20 повторувања за секоја нога.

Вежба 5
Застанете исправени и опуштете ги сите мускули. Започнете со потскокнување во место но не многу високо.Во текот на првите 5 потскокнувања земајте длабок здив, а во следните 5 потскокнувања издишувајте. Направете две ерии од по 100 потскокнувања со пауза од 30 секунди до една минута.

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*