Home / Престој во природа / Логорување во природа / Основни мерки за заштита од високите температури

Основни мерки за заштита од високите температури

Да се избегнуваат какви било напорни активности (вклучувајќи и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот од доцна наутро до доцна попладне). Во текот на ваквите топли денови, останете повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, а ако немате такви, поминете извесен преиод и во најблискиот климатизиран трговски центар. Да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и капа. Да се внесува помали количини храна, а посебно помалку мрсна и да се редуцира евентуална зголемена телесна тежина. Да се внесуваат големи количества течности, почнувајќи од обична вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Оние кои поради болест треба да избегнуваат повеќе течности за истото да се консултираат со матичниот лекар. Да се избегнуваат алкохолни и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци или консумирање на поголеми количини шеќери. При неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се избегнува директен престој на сонце. При привремено излегување од возилото во овие услови, треба да го отворите прозорецот и да овозможите вентилација, целосно затворените возила стануваат многу жешки и не оставајте никого во возилото. Заедно со нивната редовна медикаментозна терапија, посебно дисциплинирани по однос на овие препораки треба да бидат хроничните болни, особено оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробни болести. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар. Почесто во денот проветрувајте, интересирајте се за здравјето и на децата и на старите во вашето семејство. Основни мерки за заштита од UV зрачењето Задолжително заштитете се од UV зраците со носење капа, очила за сонце, користете креми за сончање со висок заштитен фактор над 30 и носете лесна, светла и комфорна облека. На крајот да не заборавиме и на други можни ризици по здравјето во услови на високи температури а пред се се труењата со храна и појавата на цревни заразни заболувања. Препораките се: Задолжително миење на земјоделските, градинарски производи. Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер, а пред употреба истата да се загрее на 100 степени. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонез од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu