Задача:
– да се одреди VO2 max
Средства за реализација на тестот:
– атлетска патека
– штоперка
Постапка:
– да се измери телесната тежина на спортистот (испитаникот)
– одење со голем интензитет со должина од 1609 метри – 1 милја (не трчање)
– бележење на времето за кое испитаникот го поминал споменатото растојание (1609 м.)
– после одењето потребно е на испитаникот да му се измери пулсот
– одредување на VO2 со внесување во формула: возраст, пол, тежина, пулс и време
Резултат:
132, 853 – (0,16918 x TТ) – (0,3877 x ВО) + 6,315 – (3,2649 x ВР) – (0,1565 x СФ) [1].
Забелешка:
Овој тест се користи во ситуации кога не сакаме да извршиме оптеретување на спортистите со други аеробни трчања и за спортисти кои се опоравуваат од повреди.
[1]. TТ – телесна тежина во кг. ВО – возраст, години ; ВР – време ; СФ – срцева фрекфенција
проф. Ангелче Гушев