Home / Колективни спортови / Ракомет / Одбрана и блокирање на удар на гол

Одбрана и блокирање на удар на гол

Ставовите во одбрана со блокирање на удари на гол (шут) се појавуваат како  два вида и тоа како паралелен (стопалата се паралелно поставени)  и дијагонален (стопајата се дијагонално поставени и се наогаат во исчекор).  Кај споменатите ставови растојанието помеѓу стопалата треба да биде околу 40 см.  Положбата на рацете треба да бидат благо раширениво висина на рамениците со  мало наведнување на телото. Потпирањето  и тежината на телото е на предните делови  од стоплата и предната ногасо напната мускулатура во колениците и колковите.  Од основниот став, играчот треба да испадне во одбрана и да го оневозможи  неговиот удар на голи тоа со правовремено излегување директно на нагачкиот  играч и тоа во моментот кога кон се врши прием на топката, со акцент на фаќање  на неговите лактови. Додека пак за оневозможување на ударот на гол, бековите  користа блокирање со една или две раце, така што дланките се што поблиску до  топката при блокирањето.

Видови на блокади
– блокада скок шут со една рака
– блокада скок шут со две раце
– блокада на шут од  тло со две раце

ТЕХНИКА НА ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ТОПКА. Во ракометната игра многу повеќе има движење без топка .  Најголемо движење без топка се одбранбените задачи. Секој  играч од одбра-ната се  движи во зона и користи техника на дочекор, вкрстен чекор или трчање, се со цел да  се изврши основната задача на одбраната, а тоа е постигнување на густината кон  напагачките играчи  со топка. Движењето во од-брана може да биде хоризонтално  (затварање на просторот), длабинско – кон играчот со топка, косо (дијагонално)и  тоа се со цел да се затвори просторот позади играчот кој излегува во одбрана.  Дочекорната техника на движење се користи со основниот став каде стопалата  се паралелно поставени и имаат за цел да постојано го држи телото во стабилна  положба со потпора на двете нозе.

ОДБРАНА ВРЗ ПИКЕР ВО ПРИЕМ НА ТОПКА. Играчот кои има доделено одбранбени задачи,  има специфична улога кога треба да се реализира одбрана од прием на топка од страна на  пикер. Првата задача на играчот од одбраната е пикерот да не ја прими топката.  За тоа да се случи, играчот од одбраната мора да го следи противничкиот играч кој  најповеќе го проигрува пикерот, а потоа да се постави позади пикерот и во однос  на оној кој ја додава топката. Потоа и го потиснува надвор од шест метри.  Друг пример е кога одбрамбениот играч може да се постави пред пикерот во  однос на топката и да не дозволува да  напагачот ја додаде топката на пикерот.  Од моментот кога пикерот треба да ја прифати топката одбрамбениот играч го попречува да тој ги состави дланките на топката (прифаќање), а тоа го прави  со раздвојување на неговите раце. Да би успеал во тоа играчот од одбраната  мора своите раце да ги држи над рацете на пикерот и тоа посебно поблиску до  раката во која се наоѓа топката, а поодалечената рака го држи лакотот на пикерот,  а со тоа го оневозможува во фаќањето на топката. Спречувањето на пикерот да  ја прими топката е еден од начините во правилата на игра за негово спречување да  ја прифати топката, затоа што кога пикерот ќе ја прифати топката, одбрамбениот  играч ја губи секоја понатамошна функција (или е седум метри или пак е постигнување на гол)

 

проф. Ангелче Гушев    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*