Витамини Б12, Б13 и Б15

Витамин Б12
Витаминот В12 (кобаламин, цијанокобаламин) e витамин е растворлив во вода и е многу важен за метаболитичките процеси. Името витаминот В12 во принцип се користи за група слични атоми кој содржат кобалт.Недостатокот од овој витамин може да доведо до анемија и до некои невролошки болести. По хемиската структура овој витамин е еден од најсложените витамини. Основата на овој витамин ја сочинува јадрото корина и затоа целиот овој збир на соединенија се нарекува кориноиди. Јадрото го сочинуваат четири редуцирани пиролни прстени кои се меѓусебно поврзани, додека кобалтот го сочинува средиштето на молекулата и со цврста ковалентна врска е врзан за четирите кислородни атоми. Присуството е многу важно за биолошката активност. Соединението содржи и нуклеоидни остатоци како (бази, шеќери, фосфати). Во зависност од групата која е комплексно врзана за кобалтот се разликуваат многу деривати (цијанокобаламин, хидроксикобаламин, метилкобаламин). Неговата стуктура е утврдена со методата рентгеноструктурна анализа од страна на Роберт Вудборт и Алберт Ешенмозер. Витаминот Б12 не го синтетизираат животните и растенијата, a го синтетизираат некои видиви на бактерии, како на пример микрофлората на преживарите која го синтетизира во неопходни количини. За човекот основни извори на витаминот В12 се производите од животинско потекло, морските плодови, месото е сиромашен извор на овој витамин. Овој витамин брзо се разградува на светло па затоа неопходхо е е да се чува на темни места. Има значаен антитумуристичен ефект и мозе да биде добар извор на енерија не замо за човековото тело туку и за неговиот нервен систем. Го одржува нервниот систем, ја подобрува концентрацијата, памтењето и рамнотежата.  

Витамин Б13
ВИТАМИН  Б13 (оротична киселина) – овој витамин ја метаболизира фолната киселина и витаминот Б12. Дневната доза не е востановена. Штити од одредени проблеми со црниот дроб и предвремено стареење, помага во третманот на мултиплекс склерозата. Извори на Б13 се: зеленчук со корења, сирутка, течна порција кисело млеко.

Витамин Б15
ВИТАМИН Б15 (пангамска киселина) – е растворлив во вода. Дејствува многу слично како витаминот Е,бидејќи е антиоксидант. Го продолжува животниот век на клетките, ја неутрализира желбата за алкохол, го забрзува опоравувањето од замореност, ги намалува нивоата на холестеролот во крвта, помага во синтезата на протеините, го штити црниот дроб од цироза, ги стимулира имунолошките реакции. Помага да се регулира метаболизмот на мастите, ги стимулира жлездениот и нервниот систем и е корисен во третманот на срцевите заболувања, ангината, влошената циркулација и предвременото стареење. Тој е добар детоксикатор. Недостатокот може да предизвика намалена оксидација на клетките,хипоксија,срцево заболување пореметување на жлездите и нервите. Извори се: пивски квасец, кафеав ориз, сите житарици, семе од тиква, сусамово семе.

Витамините имаат волшебна моќ брз човечкиот организам. Тие се многу важни состојки а одржувањето на здравјето, на расположението,на убавината и се вистински еликсир на виталноста на организмот. Недостатокот на витамини во организмот предизвикува пад на имунитетот, но остава траги и на изгледот на кожата, на косата и на ноктите. Недостатокот на овие, за животот неопходни витамини, лесно е да се забележи на сувата или проблематичната кожа, на безживотната коса, без сјај и со испукани краеви, како и на слабите и кршливи нокти.Витамините имаат главна улога во процесот на размената на хранливите материи во организмот. Тие не се обновуваат и не се ствараат во организмот, брзо се излачуваат преку телесните течности, па затоа е потребно секојдневно да се внесуваат со исхраната, посебно со овошјето и зеленчукот, а не само со таблети. Најдобар извор на витамини се овошјето и зеленчукот.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*