Home / Престој во природа / Логорување во природа / 101 идеа за ЛОГОРУВАЊЕ – четврти дел

101 идеа за ЛОГОРУВАЊЕ – четврти дел

И натаму продолжуваме со нафрлање на идеите за логорување, продолжуваме со примерите кои ги стекнавме со нашето големо логорско искуството кое го имаме …. и ете стигнавме до 101 идеја !!!

86. ПРИЗНАНИЈА на логорувачите , ги наградуваме за успесите кои ги постигнале на логорувањето. Системот на наградување може да биде најразновиден. На крајот на смената, на последниот логорски оган, на секој учесник посебно му доделуваме признание за освоеното знаење. Признанијата ги врачува старешината, а му помага водачот на логорувањето или водителот на програмата.

87. ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА: Покрај признанијата за освоенате знаења: на учесниците на логорувањето им доделуваме и признанија за нивните заслуги. Можеме да споменеме некои од тие заслуги:

–              најдобар логорски патент;

–              најубаво уреден шатор;

–              најдобра патрола на логорувањето;

–              највреден поединец итн;

–              најдобар музичар на логорувањето;

–              највредна дежурна патрола во кујната

–              најголем “спанко” на логоувањето и сл.

и многу други…

Такви како  нај логорувачи можеме да си измислиме уште многу, толку, колку што ни се чини дека е умесно. На логорувачите им врачуваме признанија, кои сме ги изработиле сами, од хартија, дрво или било каков друг материјал, а посебно е важно, да бидат што е можно по оргинални. На пример, на готвачот можеме да му доделиме признание Златен компир со сребрени вилици. Златна рипка е признание, кое го добива водителот на програмата на  вода … Можеме да се одлучиме да поделиме и повеќе признанија, но секако, за нив мораме да изготвиме правилник.

88. ПОТПИСИ НА ЛОГОРУВАЧИТЕ Во спомен на логорувањето, сите логорувачи се потпишуваат на голем лист хартија. Организаторите  кои издаваат свој весник, таквиот лист го објавуваат во весникот.

89. РАЗГЛЕДНИЦА ОД ЛОГОРУВАЊЕТО: Од излет, посета, натпревари или поход, патролите (дружините), испраќаат разгледници со поздрав до својот логор. Исто и од логорување испраќаме таква разгледница на свето училиште, одред, а секако и на оние, кои ни помогнале во припремањето на логорот. Разгледница испараќаме и до училишните гласила, до локалниот весник во општината…

90. ФОТОГРАФИЈА НА ЛОГОРУВАЧИТЕ Групната фотографија на сите логорувачи е убав обичај, слично како и потписите. Таа е убав спомен на бивакувањето под платнени покривки. Сите логорувачи на задната страна од фотографијата го ставаат својот потпис.

91. СИМНУВАЊЕ НА ЗНАМЕТО ОД ЈАРБОЛОТ. Обичајот, стражарите некако да ги надмудриме е многу стар. Тоа го правиме заради тоа, стражарите подобро да го чуваат логорот. Доколку ноќните посетители успеале да го симнат знамето од јарболот, стражарите ќе мораат да се оправдаат со посебна работа, која ќе биде поставена пред нив, како казна поради слабо извршената служба. Некаде такви подвизи не се дозволени, но како и да е за стражарите е секако срамота, доколку некој успее да го симне знамето. Знамето е светост. Познат е и друг обичај кој е поврзан со овој. Ако стражарите успеат да ги “уловат” ноќните посетители, кои сакале да го однесат знамето, им наложува казна. Ноќните посетители ќе мораат да дежураат во кујна или пак, да ги припремаат дрвата за горење, за целата смена. Секако казната мора да биде воспитна.

92. ИЗЛОЖБА. На крајот од смената можеме во логорот да приредиме изложба на рачните изработки, цртежи, макети, раскази и најразлични други работи, кои ги изработиле логорувачите. Изложбата ја приредуваме по патроли, а најдобрата патрола ја наградуваме. По завршувањето на логорувањето, можеме изложбата да ја повториме и дома, во училишните или одретските простории.

93. ЗБОР НА ЛОГОРУВАЧИТЕ ДОМА. На почетокот на Школската година ги повикуваме сите логорувачи на збор. На зборот, водачите на логорот поднесуваат извештај. Старешината критично ја анализира работата на секоја смена, од техничката уредност до изведувањето на школата за водачи, однесувањето на логорувачите, успешноста на поедини водачи итн. За својата работа известуваат и сите други функционери. Зборот на логорувачите со гласање ги потврдува или негира извештаите на логорските функционери.

94. НЕШТО ДРУГО. Целта на класичното логорување е, логорувачите секое лето да можат да запознаат различни краишта, различни луѓе, различни обичаи. Тоа можат да си го дозволат оние одреди кои имаат помал број на членови или пак оние со повеќе членови и доволно добра опрема, така да можат да го припремаат логорот на различни места. На новиот логорски простор мораме да ги поставиме сите нужни објекти и затоа мораме добро да проучиме, каде ќе го поставиме секој шатор посебно и каде кој објект ќе стои.

95. ПРОСТОР ВО ТРПЕЗАРИЈАТА. Во уредените логорски населби, секој учесник  уште по првиот ден на логорувањето го наоѓа својот простор во трпезаријата, кој го задржува до крајот на логорувањето. И патролата има свој простор за исхрана и секогаш е заедно. Проблеми можат да се јават само со оние учесници кои дошле на логорување подоцна и така не можат да се приклучат на својата патрола. Ако во логорот нема трпезарија, тогаш патролите се хранат  на  означен простор, но и таму секој извидник има свој простор.

96. ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ. Постарите логорувачи  и ден денес не можат да се одвикнат од својот прибор за јадење кои го употребувале на многу логорувања. Така е и со сите останати логорувачи. Во помалите логори, секој учесник  си има со себе свој прибор за јадење и чинија. Со развојот на логорските населби овој обичај изумира. Некој логорски населби имат заеднички садови и прибор за јадење.

97. ПОСИЛНИОТ ГО ШТИТИ ПОСЛАБИОТ. Извидништвото силно го поддржува пријателството, меѓусебната помош и соработка. Извидниците учествуваат во хуманитарни акции, се грижат за инвалиди, им помагаат на постарите и болните. На извидничките акции, владее посебно правило, дека посилниот го штити послабиот. За таква соработка најмногу можности се јавуваат на логорување. Таквиот вид на соработка е многу важен, затоа што овозможува духовно зближување на врсниците, а истовремено успеШно влијае на личниот духовен развој. На тој начин секој извидник го досегнува својот максимум, се развиваат пристојни меѓучовечки односи, а не преовладува логиката на посилниот, заради која се појавува насилство, суровост, себичност… Постојат многу можности, како да се заштитат послабите: постарите се стрпливи со помладите, поспретните им помагаат на помалку спретните, на новите во логорот им помагаме полесно да ги запознаат логорските активности, никој не го оставаме сам со своите проблеми и теШкотии, туку му помагаме во границите на својата моќ. Тоа бара од нас голема стрпливост, самоодрекување и разбирање, но токму тоа е таа духовна моќ, која е најважен принцип на извидничкото однесување.

98. ИЗВИДНИЧКИ ПОЗДРАВ. Поголемиот број од извидничките организации во светот имаат свој закони, по кој работат. Нивниот поздрав е исто така по целиот свет познат и еднаков: палецот го покрива најмалиот прст, што во пренесен смисол значи дека посилниот го штити послабит. Другите три прсти се заедно исправени и ги означуваат трите извиднички принципи. Тавиот поздрав го извршуваме со десната рака, која ја подигнуваме во висина на рамото, а дланката е завртена на напред. Извидничкиот поздрав има големо значење, затоа го употребуваме при дигање и спуштање на знамето и во други прилики.

99. БОНТОН ПРИ ИСХРАНА. Логорскиот бонтон кој го уврстуваме во помеѓу хигиенските принципи, меѓу другото вели дека при обедување (појадок, ручек, ужина итн) носиме пристојна облека. Не е дозволено при јадењето да бидеме голи од појасот нагоре, а доволно е ако носиме и само една маица. Не е дозволено да се доаѓа на исхрана во работна облека.

100. ОБЛЕКАТА НА ЛОГОРУВАЊЕ. Во логорот нисиме погодна облека која е во склад со тековниот бонтон во цивилните служби. По обичај логорувачите преку ден носат дневна работна облека. Извидничката униформа се носи во посебни прилики кога ќе одлучи водството на логорот. Некогаш сите  логорувачи биле облечени во униформа која била закопчана високо до вратот. Денес тоа веЌе не го бараме од логорувачите, но сепак тие мораат да бидат соодветно облечени.

101. ЖЕЛБА ЗА ПРЕСТОЈ ВО ПРИРОДА …. ова е најголемата идеја за на логорување !!!

 

НЕШТО ЗА КРАЈ… Крајот на ова преставување  е тука,  ви презентирав  ни помалку – ни повеќе, точно 101 идеи за логорување. Но, тоа не значи дека овие идеи треба и мора да се употребуваат во пракса само кога сме на логорување. Голем дел од нив се длабоко навлезени во нашиот секојдневен живот. При одржувањето на средби, смотри, излети, екскурзии, можеме многу често да ги испробуваме, а со тоа и да го проверуваме нивното дејство и нивната ефикасност. Искрено се надеваме дека од изнесените идеи ќе имате повеќе кратна корист. Можеби ќе се сетите на некоја друга, која сме ја заборавиле да ја спомнеме, иако би можеле на ова место да набројуваме уште многу други. Но, за тоа потоа…. Ви посакуваме само убави моменти во животот, а секако и многу заеднички логорувања со пријателите, со браќа и сестри од земјата и од целиот свет. Имајте ги на ум принципите за вашиот развој, дружете се меѓусебно и потрудете се секој ден да направите нешто добро за вашите најблиски и пријателите.

 

проф. Ангелче Гушев

 

 

 

 

 

 

 

 

86. ПРИЗНАНИЈА

Логорувачите , ги наградуваме за успесите кои ги постигнале на логорувањето. Системот на наградување може да биде најразновиден. На крајот на смената, на последниот логорски оган, на секој учесник посебно му доделуваме признание за освоеното знаење. Признанијата ги врачува старешината, а му помага водачот на логорувањето или водителот на програмата.

 

 

87. ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА

Покрај признанијата за освоенате знаења: на учесниците на логорувањето им доделуваме и признанија за нивните заслуги. Можеме да споменеме некои од тие заслуги:

најдобар логорски патент;

најубаво уреден шатор;

најдобра патрола на логорувањето;

највреден поединец итн;

најдобар музичар на логорувањето;

највредна дежурна патрола во кујната

најголем “спанко” на логоувањето и сл.

и многу дру…

Такви како нај логорувачи можеме да си измислиме уште многу, толку, колку што ни се чини дека е умесно. На логорувачите им врачуваме признанија, кои сме ги изработиле сами, од хартија, дрво или било каков друг материјал, а посебно е важно, да бидат што е можно по оргинални. На пример, на готвачот можеме да му доделиме признание Златен компир со сребрени вилици. Златна рипка е признание, кое го добива водителот на програмата на вода … Можеме да се одлучиме да поделиме и повеќе признанија, но секако, за нив мораме да изготвиме правилник.

 

 

88. ПОТПИСИ НА ЛОГОРУВАЧИТЕ

Во спомен на логорувањето, сите логорувачи се потпишуваат на голем лист хартија. Организаторите кои издаваат свој весник, таквиот лист го објавуваат во весникот.

 

 

89. РАЗГЛЕДНИЦА ОД ЛОГОРУВАЊЕТО

Од излет, посета, натпревари или поход, патролите (дружините), испраќаат разгледници со поздрав до својот логор. Исто и од логорување испраќаме таква разгледница на свето училиште, одред, а секако и на оние, кои ни помогнале во припремањето на логорот. Разгледница испараќаме и до училишните гласила, до локалниот весник во општината…

 

 

90. ФОТОГРАФИЈА НА ЛОГОРУВАЧИТЕ

Групната фотографија на сите логорувачи е убав обичај, слично како и потписите. Таа е убав спомен на бивакувањето под платнени покривки. Сите логорувачи на задната страна од фотографијата го ставаат својот потпис.

 

 

 

91. СИМНУВАЊЕ НА ЗНАМЕТО ОД ЈАРБОЛОТ

Обичајот, стражарите некако да ги надмудриме е многу стар. Тоа го правиме заради тоа, стражарите подобро да го чуваат логорот. Доколку ноќните посетители успеале да го симнат знамето од јарболот, стражарите ќе мораат да се оправдаат со посебна работа, која ќе биде поставена пред нив, како казна поради слабо извршената служба. Некаде такви подвизи не се дозволени, но како и да е за стражарите е секако срамота, доколку некој успее да го симне знамето. Знамето е светост.

Познат е и друг обичај кој е поврзан со овој. Ако стражарите успеат да ги “уловат” ноќните посетители, кои сакале да го однесат знамето, им наложува казна. Ноќните посетители ќе мораат да дежураат во кујна или пак, да ги припремаат дрвата за горење, за целата смена. Секако казната мора да биде воспитна.

 

 

 

92. ИЗЛОЖБА

На крајот од смената можеме во логорот да приредиме изложба на рачните изработки, цртежи, макети, раскази и најразлични други работи, кои ги изработиле логорувачите. Изложбата ја приредуваме по патроли, а најдобрата патрола ја наградуваме. По завршувањето на логорувањето, можеме изложбата да ја повториме и дома, во училишните или одретските простории.

 

 

93. ЗБОР НА ЛОГОРУВАЧИТЕ ДОМА

На почетокот на Школската година ги повикуваме сите логорувачи на збор. На зборот, водачите на логорот поднесуваат извештај. Старешината критично ја анализира работата на секоја смена, од техничката уредност до изведувањето на школата за водачи, однесувањето на логорувачите, успешноста на поедини водачи итн. За својата работа известуваат и сите други функционери. Зборот на логорувачите со гласање ги потврдува или негира извештаите на логорските функционери.

 

 

94. НЕШТО ДРУГО

Целта на класичното логорување е, логорувачите секое лето да можат да запознаат различни краишта, различни луѓе, различни обичаи. Тоа можат да си го дозволат оние одреди кои имаат помал број на членови или пак оние со повеќе членови и доволно добра опрема, така да можат да го припремаат логорот на различни места. На новиот логорски простор мораме да ги поставиме сите нужни објекти и затоа мораме добро да проучиме, каде ќе го поставиме секој шатор посебно и каде кој објект ќе стои.

 

 

95. ПРОСТОР ВО ТРПЕЗАРИЈАТА

Во уредените логорски населби, секој учесник уште по првиот ден на логорувањето го наоѓа својот простор во трпезаријата, кој го задржува до крајот на логорувањето. И патролата има свој простор за исхрана и секогаш е заедно. Проблеми можат да се јават само со оние учесници кои дошле на логорување подоцна и така не можат да се приклучат на својата патрола. Ако во логорот нема трпезарија, тогаш патролите се хранат на означен простор, но и таму секој извидник има свој простор.

 

 

96. ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ

Постарите логорувачи и ден денес не можат да се одвикнат од својот прибор за јадење кои го употребувале на многу логорувања. Така е и со сите останати логорувачи. Во помалите логори, секој учесник си има со себе свој прибор за јадење и чинија. Со развојот на логорските населби овој обичај изумира. Некој логорски населби имат заеднички садови и прибор за јадење.

 

 

 

 

97. ПОСИЛНИОТ ГО ШТИТИ ПОСЛАБИОТ

Извидништвото силно го поддржува пријателството, меѓусебната помош и соработка. Извидниците учествуваат во хуманитарни акции, се грижат за инвалиди, им помагаат на постарите и болните. На извидничките акции, владее посебно правило, дека посилниот го штити послабиот. За таква соработка најмногу можности се јавуваат на логорување. Таквиот вид на соработка е многу важен, затоа што овозможува духовно зближување на врсниците, а истовремено успеШно влијае на личниот духовен развој. На тој начин секој извидник го досегнува својот максимум, се развиваат пристојни меѓучовечки односи, а не преовладува логиката на посилниот, заради која се појавува насилство, суровост, себичност… Постојат многу можности, како да се заштитат послабите: постарите се стрпливи со помладите, поспретните им помагаат на помалку спретните, на новите во логорот им помагаме полесно да ги запознаат логорските активности, никој не го оставаме сам со своите проблеми и теШкотии, туку му помагаме во границите на својата моќ. Тоа бара од нас голема стрпливост, самоодрекување и разбирање, но токму тоа е таа духовна моќ, која е најважен принцип на извидничкото однесување.

 

 

 

98. ИЗВИДНИЧКИ ПОЗДРАВ

Поголемиот број од извидничките организации во светот имаат свој закони, по кој работат. Нивниот поздрав е исто така по целиот свет познат и еднаков: палецот го покрива најмалиот прст, што во пренесен смисол значи дека посилниот го штити послабит. Другите три прсти се заедно исправени и ги означуваат трите извиднички принципи. Тавиот поздрав го извршуваме со десната рака, која ја подигнуваме во висина на рамото, а дланката е завртена на напред. Извидничкиот поздрав има големо значење, затоа го употребуваме при дигање и спуштање на знамето и во други прилики.

99. БОНТОН ПРИ ИСХРАНА

Логорскиот бонтон кој го уврстуваме во помеѓу хигиенските принципи, меѓу другото вели дека при обедување (појадок, ручек, ужина итн) носиме пристојна облека. Не е дозволено при јадењето да бидеме голи од појасот нагоре, а доволно е ако носиме и само една маица. Не е дозволено да се доаѓа на исхрана во работна облека.

 

 

100. ОБЛЕКАТА НА ЛОГОРУВАЊЕ

Во логорот нисиме погодна облека која е во склад со тековниот бонтон во цивилните служби. По обичај логорувачите преку ден носат дневна работна облека. Извидничката униформа се носи во посебни прилики кога ќе одлучи водството на логорот. Некогаш сите логорувачи биле облечени во униформа која била закопчана високо до вратот. Денес тоа веЌе не го бараме од логорувачите, но сепак тие мораат да бидат соодветно облечени.

 

101. ЖЕЛБА ЗА ПРЕСТОЈ ВО ПРИРОДА

…. ова е најголемата идеја за на логорување !!!

 

НЕШТО ЗА КРАЈ…

 

Крајот на ова преставување е тука, ви презентирав ни помалку – ни повеќе, точно 101 идеи за логорување. Но, тоа не значи дека овие идеи треба и мора да се употребуваат во пракса само кога сме на логорување. Голем дел од нив се длабоко навлезени во нашиот секојдневен живот. При одржувањето на средби, смотри, излети, екскурзии, можеме многу често да ги испробуваме, а со тоа и да го проверуваме нивното дејство и нивната ефикасност.

Искрено се надеваме дека од изнесените идеи ќе имате повеќе кратна корист. Можеби ќе се сетите на некоја друга, која сме ја заборавиле да ја спомнеме, иако би можеле на ова место да набројуваме уште многу други. Но, за тоа потоа….

Ви посакуваме само убави моменти во животот, а секако и многу заеднички логорувања со пријателите, со браќа и сестри од земјата и од целиот свет. Имајте ги на ум принципите за вашиот развој, дружете се меѓусебно и потрудете се секој ден да направите нешто добро за вашите најблиски и пријателите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu