Витамини Б8 и Б9

ВИТАМИН Б8

Главни функции:
o    Многу е важен за производство на енергија во јаглените хидрати и масти.
o    Учествува во продукција на мускулниот гликоген (енергетскиот резервоар) и глукоза за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
o    Важен е за градење на масни киселини и заради тоа за ќелиските мембрани и масни содржини во кожата.
o    Неизбежен е при градењето на хормоните.
o    Учествува во множењето на лимфоцитата и антителата.
o    Учествува во градењето на сумпорот за здрава коса и нокти.
o

На кого му е најпотребен?
o    Луѓето кои имаат бактерии во цревата, на луѓето кои долго консумираат антибиотици, лаксатив или претерано консумирање на алкохол (20% од алкохоличарите, имаат недостатог на биотин).
o    Луѓето кои консумираат антипилептици (75% од епилептичарите имаат недостатог на биотен).
o    Кај трудниците.
o    Дијабетичарите.

ВИТАМИН Б9 (фолна киселина)

Зошто ни е потребна фолната киселина ?
Фолната киселина спаѓа во групата на витамините Б и е позната како витамин Б9. Таа е значајна за многу важни процеси во организмот како создавање на црвени крвни зрнца или создавање на ДНК и РНК. Консумирањето на фолна киселина му дава енергија на организмот и на таков начин тој ја пребродува умората. Фолната киселина помага и за подобро апсорбирање на витаминот Б12, при стрес и депресија и во борбата со многу болести на срцето, рак и Алцхајмеровата болест.

Фолната киселина е застапена во сите темнозелени зеленчуци.
Бремените и жените кои што планираат да забременат треба да се добро информирани за големата улога на фолната киселина за развојот на фетусот. Фолната киселина е потребна за формирање на плацентата и правилното развивање на плодот. Таа е одговорна за создавањето на мозокот и грбниот столб на бебето, уште во првите месеци од бременоста.Фолната киселина уште и ја намалува веројатноста за појава на дефекти на мозокот или грбниот столб на новороденчето за 70-80%. Затоа, бремените жени треба да внесуваат поголемо количество фолна киселина.Денес многу бремености се непланирани и жените најчесто дознаваат за нив во вториот месец од бременоста, па затоа не консумираат доволно фолна киселина. За да не се случи тоа, експертите препорачуваат секоја жена во репродуктивна возраст да внимава на внесените количини фолна киселина.

Симптоми при недостаток  на фолна киселина
Некои од симптомите коишто можат да се појават при недостаток на фолна киселина се:
•    анемија;
•    депресија;
•    инсомнија;
•    раздразливост;
•    загуба на апетит;
•    малаксаност во мускулите.

Недостатокот на фолна киселина најчесто се појавува кај луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот систем, бубрезите, црниот дроб или што консумираат многу алкохол.

Препорачани дневни потреби за фолна киселина
•    Бебиња (0-6 месеци) – 65μg
•    Бебиња (6-12 месеци) – 80μg
•    Деца (1-3 години) – 150μg
•    Деца (4-8 години) – 200μg
•    Деца (9-13 години) – 300μg
•    Возрасни (14 години и нагоре) – 400μg
•    Трудници – 600μg
•    Доилки – 500μg
Предозирањето со фолна киселина преку исхраната скоро и да е невозможно, затоа што организмот многу бавно ја апсорбира. Но, ако консумирате фолна киселина како додаток во форма на таблети, може да дојде до предозирање. Затоа, ако се решите да примате фолна киселина дополнително, консултирајте се со доктор.Максималното количество фолна киселина кое е безбедно да го внесете е 1000μg (за мажи и жени постари од 19 години).

Храна богата со фолна киселина
Човечкото тело постојано има потреба од фолна киселина, но не може само да ја произведува. Фолната киселина не може да се складира во организмот долго време. Затоа треба да ја внесуваме постојано преку исхраната.
Фолната киселина најмногу е застапена во спанаќот, брокулите, карфиолот, црниот дроб, телешкото и јагнешкото месо, сите темнозелени зеленчуци, морковот, дињата, авокадото и лебот.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*