За интензификацијата на часот по спорт и спортски активности и ФЗО, прв пројавил интерес германскиот автор Thiess. Тој успеал од вкупното време на траење на часот по спорт и спортски активности и ФЗО, дури до 48,89 % од времето го искористи за активно вежбање.
Исто така и Dietrich извршил голем број на истражувања во смисла да при одржувањето на 220 наставни часови, го користел метод познат како “дополнителни вежби“ во главниот дел од часот и на само три наставни часа успеал со оваа форма на организирање на работата да изврши зголемување на активното време на вежбање преку 50 % (дури и до 58 % од вкупното време на траење на часот по спорт и спортски активности и ФЗО)
Уште еден германски автор,Gunter организирајки го часот по спорт и спортски актив-ности/ФЗО по пат на станици успеал да ги доведе учениците да бидат ангажирани на часот по спорт и спортски активности и ФЗО и до 25, 23 мин (содржини од спортска гимнастика) и со 29,02 мин (содржини од спортски активности). Авторот Станојевиќ, бавејки се со интензификацијата на часот по спорт и спортски активности и ФЗО и зголемувањето на ангажираноста на на учениците за време на физичкото вежбање, а при тоа користејки на самите наставни часови медотско организациони форми на работа како што се работа на станици и работа со дополнителни вежби, ги постигнал следните резултаати:
– РАБОТА НА СТАНИЦИ 23,24 мин или 51,86 %
– РАБОТА СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ВЕЖБИ 27, 55 мин или 61,22 %
Овие податоци ни покажуваат дека за 20 % без никаков проблем можеме да постигнеме зголемување на “активното“ време за вежбање на учениците на часот по спорт и спортски активности /ФЗО. Ова може да се постигне со примена и избор на оптимални и адекватни методско организациски формио на работа, но проследено со стручност и креативност на самиот наставник. Значи со овој вид на пристап на настаникот не само да се зголемува квалитетот на работата туку се рационализира и времето, а со тоа и се влијае на квалитетот на работата на часот по спорт и спортски активности/ФЗО.
Рационализацијата на времето за работа пред се однесува на постапките и мерките кој овозможуваат постигнување на што поголеми резултати од вежбањето т.е. постапки кои овозможуваат и придонесуваат да на најдобар начин се искористи времето, наставните средства, просторот и учениците. Со воведувањето на поголем број на работни места се постигнува намалување на бројот на учениците во групата, што овозможува да се скрати времето на чекање помегу две вежбања. Сите наведени начини на постигнување на рационализација на времето и просторот секако е можно да се реализира низ адекватно применување на одредени МОРФ на часот по спорт и спортски активности/ФЗО, односно на главниот дел од часот.
Влијанието од примената на методско-организациската форми на работа – МОРФ, квалитетот на работата се однесува на зголемувањето на расположивото време кое стои на располагање на наставникот во форма на наставен час по спорт и спортски активности/ФЗО, односно зголемување на активното време за вежбање. Нема сомневање дека позитивните последиците од телесното вежбање ќе биде поголемо доколку е рационално искористено времето за работа и тоа во овој случај 55 % – 60 % или 25 мин. – 30 минути од главниот дел од наставниот час по спорт и спортски активности/ФЗО.
Ефкасноста на часот по спорт и спортски активности/ФЗО, сепак не може да се темели само и исклучително на ефективното време на вежбање. Иако крајната цел на секој педагог по спорт и спортски активности/ФЗО, е да учесниците во процесот на телесно вежбање што повеќе од расположливо време го поминат во вежбањето, да ефективното време постојано се зголемува , но самите учесници целото расположливо време не можат да го повинат во вежбање. Причината за ова не лежи само во проблемите во организацијата на наставниот час (примена на методско-организациската форми на работа – МОРФ) туку и во некореспондирањето на целите и задачите на часот по спорт и спортски активности/ФЗО т.е. главниот дел од часот со дозирањето и дистрибуцијата на оптеретувањата.
ПРЕГЛЕД НА СТВАРНОТО ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ЧАСОТ ПО ФЗО И СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
И НЕГОВОТО ИСКОРИСТУВАЊЕ ЗА ТЕЛЕСНО ВЕЖБАЊЕ
Дел од наставниот час минути %
ВОВЕДЕН ДЕЛ 4,58 10,94
ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ 5,95 14,21
ГЛАВЕН А ДЕЛ 14,10 33,67
ГЛАВЕН Б ДЕЛ 14,46 34,54
ГЛАВЕН ДЕЛ 28,56 68,21
ЗАВРШЕН ДЕЛ 2,78 6, 64
ВКУПНО 41,87 100 %
ПРЕГЛЕД НА СТВАРНОТО ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ЧАСОТ ПО ФЗО/СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
И ЕФЕКТИВНОТО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НА ЧАСОТ ПО ФЗО/СПОРТ И СПОРТСКИ
Дел од
наставниот час Ефективно време поминато во телесно вежбање – мин. Реално време на траење на наставниот час Време потрошено на се друго – мин.
I 2,36 4,58 2,22
II 3,01 5,95 2,94
III – А 4,26 14,10 9,83
III – Б 9,22 14,46 5,23
IV 0,47 2,78 2,29
ВКУПНО 19,32 41,87 22,55
Како што може да се види од табелите, ефективното време на вежбање на учениците на часот по спорт и спортски активности/ФЗО изнесува севкупно 19,32 минути од кои што на главниот дел од часот отпаѓаат само 13,48 минути, а тоа е недоволно да се реализираат основните цели и задачи на часот по ФЗО и спорт и спортски активности и во целокупниот наставен процес. Причините за овие состојби се смета дека може да се од субективен и објективен карактер (д-р Финдак) .
На вкупната ефикасност на наставата по спорт и спортски активности/ФЗО влијаат следните објективни причини и тоа :
– дали паралелката е мешовита или не
– бројот на ученците во паралелката
– распоредот на часот по спорт и спортски активности/ФЗО ( дали е прв, втор … петти или … шести час)
– типот на часот по спорт и спортски активности/ФЗО
– микроклиматските влијанија
– материјалните средства за работа
Додека пак од субјективни фактори кои влијаат на намалувањето или зголемувањето на ефективното време на телесно вежбање на часот по спорт и спортски активности/ФЗО се:
– организацијата на часот по спорт и спортски активности/ФЗО и
– реализацијата на часот по спорт и спортски активности/ФЗО
И на крај на темелите на компаративната анализа за ефективното работење на часот по спорт и спортски активности/ФЗО, најголемо време отпаѓа на стоењео на учениците. Тоа време обично трае долго на главниот дел од часот и тоа во првиот негов дел ( А дел).
Без понатамошни сомневања одморите и паузите се составен дел од наставниот процес но ако тие не траат повеќе од 7,20 минути, тогаш тоа е значајно голем дел од времето потребно за одмор. Со понатамошна анализа се утврдува нај значајното, а тоа е дека основната причина се паузите кои имаат неадекватен избор при примена на методско-организациската форми на работа – МОРФ и нивната слаба интерпретација.
Утврденое е дека сеуште дел од наставниците во мала мерка применуваат сложени метод-ско организациони форми на работа, додека пак нивната организациона работа на главниот дел од часот се сведува на употреба на едноставни групни форми на работа. Таквата работа во просек со 30 ученици во паралелка , недозволува поволно искористување на времето за работа. И во случај на користење на сложени методско-организациски форми на работа – МОРФ, тие не се применуваат на адекватен начин , така што доаѓа до трошење на времето на часот по спорт и спортски активности/ФЗО и тоа во деловите на часот каде би учениците би требало највеќе да работат – во главниот дел од часот.
Покрај сите наведени субјективни и објективни фактори кои влијаат на ефективносто време на телесно вежбање на часот по спорт и спортстски активности/ФЗО, односно неговата организа-ција , тек и ритамот, можеме да назначиме и други фактори кои еднакви на споменатите. Она што е сигурно, со елиминирање на субјективните фактори кои влијаат не само на елеминирањето на некој објективни фактори, туку ќе се допринесе на зголемување на ефективното време на телесното вежбање и унапредување на наставата по спорт и спортстски активности/ФЗО во целост.
ОПТЕРЕТУВАЊА СО ПРИМЕНА НА ОПРДЕЛЕНИ
СЛОЖЕНИ МЕТОДСКО-ОРГАНИЗАЦИСКИ ФОРМИ НА РАБОТА
Оптеретувањето на учениците на часот по спорт и спортски активности и ФЗО, каде што применуваме различни сложени методско-организациски форми на работа, имаме добиено мерења на срцевата фрекфенција во интервал од 5, 15, 30, 60, 120 и 180 секунди. Тестирањето е извршено од ист наставник врз исти ученици, во исти услови и имаме користено исти наставни средства. При мерењето користени се на користење на сложени методско-организациски форми на работа кои досега не се опфанати со настабвната програма.
Целта на ова мерење и истражување е да извршиме проширување на научните сознанија и експериментално да ги провериме практичните, стручно-методските решенија за интензификација на часот по спорт и спортски активности/ФЗО, како и да извршиме избор на методско- организациски форми на работа кои највеќе ќе придонесат за интензификацијата на часот по спорт и спортски активности/ФЗО.