300 минути гол шоу

„300 минути гол шоу”. Под ова мото денес 10.12.2011 год. (сабота) во спортската сала „Гемиџии” се одигра хуманитарниот турнир. На истиот учество земаа 15 екипи , а целта е да се соберат што  е можно повеќе средства од донации кои ќе бидат предадени за децата  со посебни потреби, а Воедно беа и собрани приближно 6.000,00 ден.  Своите фудбалски вештини, ги демонстрираа политичарите, новинарите,  поповите, лекарите, полицијата, армијата, комуналците, ловџиите, зелената коалиција и други организации.  „300 минути гол шоу” беше замислена како една голема забава  како за учесниците ,така и за посетителите. Натпреварите се  одграат во две полувремиња по седум минути. Системот беше елиминациски.  Онаа екипа што губи завршуваше со играње. Најдобрите екипи ќе добија награди , а тричлена жири комисија  ќе додели и посебни признанија за најатрактивен играч, автогол на  турнирот, најпоткупен судија, гличко и мрза на турнирот.  Зелената коалиција која што зема учество на ова шоу се пласираше меѓу трите најдобри екипи. Екипата на Зелената коалиција ја сочинуваа: А.Гушев (капитен), Д.Златева, Д.Ристов, С.Андреев, С.Кукулев и М.Стојчев.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*