Home / Методика на ФЗО / Методика на ФЗО / Интензификација на часот по ФЗО

Интензификација на часот по ФЗО

Целите кои се постигнуваат со примената на различни решенија при реализацијата на наставата по спорт и спортски активности и ФЗО може да се поделат на:

– ИНДИРЕКТНИ ЦЕЛИ (посредни) создавање на различни воспитни ефекти, формирање на навики, ставови, унапредување на здравјето, цртите на личноста, позитивни емоции.
– ДИРЕКТНИ ЦЕЛИ влијание на морфолошките и функционалните способности, промени во организмот, формирање на моторички знаења преку сознанија за совладувањето на отпорот, препреките и просторот, усвојување на теоретски знаења (здрав живот,  влијание на физичката култура.)
Наставата по по спорт и спортски активности и ФЗО по својата специфичност и природа поседува широк  спектар на цели и задчи кои се поставени и идентификувани и истите се постигнуваат на приоритетен начин. Еден од најважните цели на часот по  спорт и спортски активности и ФЗО е интензификацијата на  телесното вежбање и развојот на моторичките способности. Со помош на методско-организациската форми на работа (МОРФ) се придонесува за интензификација на физичкото воспитување и физичката култура кај учениците.
Нивната функција не може да се набљудува  низ потребите за придонес  на интензификацијата на телесното вежбање часот по спорт и спортски активности и ФЗО   туку низ крајните ефекти на вежбање и физичка активност и создавањето на оптимални услови  за реализирање на моторичките активности. Без добар избор и примена на МОРФ, не може да се очекува ниту добра организација и реализација на форми на телесно вежбање, а уште помалку интензификација на на часот  по спорт и спортски активности и ФЗО.
Под интензификација на на часот по спорт и спортски активности и ФЗО се подразбираат сите оние мерки кои треба да придонесат за зголемено влијание на физичката активност во организмот на ученикот, а тоа треба да се одрази преку подобрување на психофизичките способности и спортско-техничкото образование односно да се создавање на квалитетен живот и активности. Интензификација на часот по спорт и спортски активности и ФЗО може да се постигне преку следните два начина и тоа:
– РАЗИОНАЛИЗАЦИЈА на работата, постигнување на “густина“ на часот, создавање на активно време на вежбање
– ВАРИРАЊЕ на физиолошките големини на оптоварувањата, квалитетно дозирање

Со примената на МОРФ на часот по спорт и спортски активности и ФЗО и неговото влијание врз “активното време“ за вежбање на часот, од  истражувањата од различни автори во областа на апсолутното активно време на часот по спорт и спортски активности и  ФЗО, се добил податок кои покажува дека реалната работа на учениците на наставниот час од вкупното расположиво време од 45 минути, 36,33 минути од предвидените 45 мин одминува на следните сегменти:

– време кое се користи за постројување, прозивка и подготовка на справи 4,32 мин. (9,60 %)
– време кое наставникот го користи за објаснување, демонстрација,
давање информации  1,33 м (2,95 %)
– стварно време за физичка активност на учениците 9,04 мин (20,08 %)
– максимално можно време кое останува за вежбање на учениците 30,34 мин (67,42 %)   
Од гореневедените резултати се добиваат информации од кои може да се види дека 20 % од времето кое се користи за час, односно 9,04 мин им остануваат на учениците за  вежбање од целокупното време на наставниот час по спорт и спортски активности и  ФЗО.Кога ќе се израчуна  целокупната сатница за вежбање на учениците на часот по спорт и спортски активности и ФЗО предвидена со програмата по спорт и спортски активности и  ФЗО во текот  на целата учебна година, ке се добие еден не популарен податок – помалку од 10 саати вежбање имаат учениците на часот по спорт и спортски активности и  ФЗО. Овој добиен подато е занемарлив во однос на стварните потреби на учениците за  телесно активности, движења и вежбање.
Според истражувањата на Финдак, дистрибуцијата на времето за вежбање со должина од 45 мин. (100 %). (100 %) може да се подели на: реално време на должината на наставниот час по по спорт и спортски активности и  ФЗО 41,87 мин. (93,04%), Максимално време кое останува за располагање за вежбање 27,36 мин. (66,77 %) и Ефективно време за вежбање на часот по спорт и спортски активности и  ФЗО 19,32 мин. (46,14 %) Според истражувања реализирани во средните училишта во Македонија во  генерациите од прва и трета година,добиени се следните податоци за реалната  активност на учениците т.е. активно време прикажано со следните податоци:

во прва година:
– воводен дел од часот 2,3 мин или 5,18 %
– подготвителен дел од часот 3,30 мин или 7,78 %
– главен дел од часот 2,37 мин или 5,81 %
– завршен дел од часот 0,23 мин или 0,85 %
или вкупно 8,20 мин или 19,63%

во трета година:
– воводен дел од часот 1,45 мин или 3,88 %
– подготвителен дел од часот 3,45 мин или 8,38 %
– главен дел од часот 1,50 мин или 4,07 %
– завршен дел од часот 1,18 мин или 2,88 %
или вкупно 7,58 мин или 19,16 %

Причините за зглемената ефикасност на часот по спорт и спортски активности и  ФЗО,конкретно на главниот дел од часот, каде што активното време во просек е околу 5,55 % од расположивото време за работа, се наоѓаат во следното:
– немање на потребна спортска опрема
– лоша организација на наставниот час
– недоволна употреба на спортските реквизити
– недостаток на реквизити  

продолжува….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*