Home / Колективни спортови / Ракомет / Шутирање со паѓање

Шутирање со паѓање

Шутирањето со паѓање се изведува од место и во движење. Движењето се изведува во повеќе етапи: подготвитлен став, одраз, летање, допирање на тлото и вртење на тлото. Во почетната позиција за шутирање ученикот се наоѓа во положба кај која малку се свиени нозете во колената и незначително е наведнато телото напред. Замавнувањто и исфрлањето на топката се врши во фзата на летање. Допирањето на тлото се врши со слободната рака, а потоа и со другат рака.Вртењето се врши низ положба на тркалање преку десното рамо (лактите се под телото), на дланките и на испружени нозе. Шутирањето со пагање најчесто се применува од блиски ситуации и мала рздалеченост. Паѓањето може да биде со ротација на телото, со припивање на телото, шутирање од вртење, шутирање зад грб, шутирање со лобување и комбинирано шутирање.

Методика на обучување на шутирањето со паѓање:

– Шутирање со паѓање на мала раздалеченост
– Шутирање со вртење на телото
– Шутирање со скок и паѓање
– Шутирање со лобување
– Комбинирано шутирање со паѓање

Грешки: непрецизно насочување на движењето на топката во одредена цел, слаба амортизација при паѓањето и шутирањето , дедоволна експлозивност при шутирањето на гол, недоволна амлитуда на движењето на рацете и телото кога се изведува шутирањето со пагање, слаба подвижност и еластичност на апаратот за движење.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*