Home / Колективни спортови / Ракомет / Одбрана “човек-човек“

Одбрана “човек-човек“

Одбранбената формација “човек – човек” се употребува кога ќе почуствуваме дека успешноста на напагачите е зголемена или кога имаме намалено одземање на топки од противникот. Одбранбените играчи се враќаат наназад и се поставуваат во одбрамбена формација во една линија пред шестерецот. Со поставувањето на шестерецот започнува да се формира формацијата “човек – човек” која што може да се прошири на половина на теренот. За функционирање на оваа одбранбена формација “човек – човек”, учениците од самиот почеток одбираат противнички играч што ќе го чуваат на својата половина од игралиштето. Откако ќе се одбере противничкиот играч што треба да се чува, одбранбениотиграч се поставува покрај него и го “маркира” и следејќи го притоа.  Ако противничкиот играч ја има топката одбранбениот играч нема да му дозволи да напредува кон голот, а исто така нема да му дозволи комотно и непречено да ја додава топката. Доколку напаѓачкиот играч ја нема топката, одбранбениот играч постојано го прати, се со цел да му оневозможи  да се “демаркира”, обидувајки се притоа  да ја пресече  – одземе топката, во моментот кога тој “е биде проигран. При обуката наставникот постојано инсистира што е можно подобро да се почуствува играта во одбрана човек – човек. При обуката на оваа одбрана обично се користи следната вежба за обука а тоа е следното: Учениците се поделени на екипа А и екипа Б. Учениците во екипата А напредуваат, трчајки со мали чекори, додека учениците од екипата Б се враќаат назад држејки  растојание во основниот низок став.  Од посебна важност во почетокот на обуката се учениците од А да не претрчуваат пред учениците од Б, туку да се трча полека бидејќи учениците во таа вежба работат за учениците од екипата Б. Покрај горе наведената вежба се користи и следната а таа е: учениците се поделени на екипа А и екипа Б. Учениците во екипата Б се одбранбени играчи , екипата А се напагачи. Како и во предходната вежба учениците од екипата А трчаат напред менувајки го правецот и ритамот на трчање. Задача на учениците од екипа Б е да се враќаат назад во основен одбранбен став пратејќи  ги напагачите на определено растојание. Истата вежба може да се се повтори со тоа што напагачите од екипата, сега употребуваат топка.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu