Петрова Цветанка, фудбалер. Позиција – голман. Родена е на 7.11.1991 Велес. Средно образование завршува во ССОУ “Димитрија Чуповски“- насока општа медицина. Моментално студира: Нутриционизам при ТТФ Велес. Тренажниот процес го започнува на 14 години, во 2006год. по завршувањето на основно образование, во женски фудбалски клуб „Борец“-Велес. Во нејзината кариера треба да се истакнат следните настапи:
• 2008 Квалификационен турнир за Лига на Шампиони со KFF „Shqiponjat“- Скопје
• 2010 Двојна круна со ЖФК „Борец“ -Велес
Шампиони во женска конкуренција
Куп на Македонија – жени
• Над 30 настапи во репрезентативниот дрес и тоа
У-17 Селекција , У-19 селекција и сениорска
• Во првиот тим на селекцијата што се пласираше на Европско Првенство за девојки до 19 години, заедно со најдобрите 8 европски земји кое се одржа во Мај 2010год во Скопје.
• Квалификации за СП 2011 – сениори
• Прогласена за млад надежен спортист од Агенцијата за млади и спорт.
• Стипендист на Агенција за млади и спорт.
• Player of the match Gintra Univerzitate – Borec , Лига на шампиони Август 2010
На Цветанка идол и е Пепе Реина и Касиљас , а би сакала да игра во Шпанија или Италија. Желба и е да игра во светски позна клуб како : Барселона, Реал, Баерн Минхен, Милан, Ливерпул …
Порталот www.kineziologija.mk и посакува на Цветанка уште многу минути мирна мрежа во нејзината извонредна фудбалска кариера.