Принципите за поставувањето на двојниот блок се еднакви како и кај единечното блокирање. Треба да се обрне внимание на правовременото доагање до мрежата, правилното поставување и држењето на рацете, треба да има паралелното движење покрај мрежата и правилното држење на дланките. За успешно блокирање многу е значајно да правовремено се приближиме кон мрежата и истиот не треба да се реализира со залет кон мрежата. Движењето треба да биде паралелно со мрежата со исчекор во страна . Рацете на учениците треба да бидат испружени и навалени напред под мал агол, но не во иста рамнина со телото. Дланките се раширени и олабавени. Прстите се свиени кон напред. Погледот треба да биде насочен кон топката, а воедно треба да се пратат и противничките намери. Во принцип треба да се скокне на блок нешто по касно од противничкиот смечер. Треба за миг да се почека да смечерот на спротивната страна го изведе скокот, а потоа да се превземе намерата и да се реализира скокот за блок.Кај двојниот блок, ученикот кој се приклучува, должен е да скокне како кај индивидуално блокирање на самата мрежа, а со тоа и да се приближи до мрежата што поблиски и со својот соиграч да создадат симетрична целина. Во голем број на случаи крајниот играч блокира паралела, а средниот играч блокира дијагонала. Најважно е да блокот биде што повисок, единствен и што повеке да преога на спротивната страна. Кај активното блокирање се настојува да топката директно пага во теренот на противникот.
проф. Ангелче Гушев