Ниацин припаѓа на групата на витамините од групата Б комплекс и доста поволно делува на нашето севкупно здравје. Доста е ефикасен кога станува збор за намалување и контролирање на нивото на холестерол во крвта.
Самиот ниацин претставува витамин со терапевтски одлики и може да ни помогне за лечење на многу тегоби и болести. Едноставно кажано, ниацинот е витамин Б3, кој е исклучително важен за правилно функционирање на нашиот организам. Што се однесува на обликот во кој е застапен, посебно се истакнуваат два начини, а тоа се: никотинската киселина и ниацинамид. Кога станува збор за одржување на правилниот метаболизам на ќелиите и апсорбција на јаглехидратите, се смета дека ниацинот е еден од пресудните супстанци.
Позитивни ефекти
Овој витамин е најмногу застапен во млечните производи, живината, рибата,
оревите и не масното месо. Доколку сте вегетаријанец, треба да внесуавте што поголема
количина на ореви, за да немате проблеми со недостатокот на ниацинот.
Ниацинот го има уште во компирот, пченката, авокадото и грашокот.
Кога станува збор за бројните позитивни влијанија на овој витамин на
општото здравје на особите, треба посебно да го напоменеме подобрувањето на циркулацијата, одржување на здравјето на кожата и поттикнување и јакнење на менталните способности и помнење. Исто така, ниацинот е силно корисен фактор во процесот при кој доаѓа до создавање на додатна енергија неопходна за работа на ќелиите и телото. Ефикасен е и при лечење на респираторните, како и васкуларните пореметувања и заболувања.
Варење на храната и зголемување на лачењето на стомачните тегоби
Уште една во низата позитивни каракеристики на овој витамин е и неговиот потенцијал функционирањето на системот за варење да го направи уште подобар, а познато е и дека унапредувањето на варењето, води и до поубав и сјаен изглед на кожата. Ниацинот игра важнаулога за нормализирање на лачењето на стомачните течности, што додатно допридонесува за подобро варење. Покрај тоа, го поттикнува и апетитот, како и работата на нервите.
Регулирање на холестеролот во крвта
Познато е дека голем број на особи кои страдаат од срцеви пореметувања и срцеви заболувања им се препорачува поголема доза на ниацин, бидејќи тој помага при намалувањете и регулирањето на лошиот холестерол во крвта. Ниацинот, исто така помага во превенцијата на нивото на корисниот холестерол, кој може да спречи заболување на ѕидовите на артериите.
Останати позитивни ефекти на ницинот
Освен споменатите позитивни ефекти, овој витамин е пресуден и во лечењето на палегра, како и бројните кожни и нервни пореметувања.
проф. Ангелче Гушев