Ката и Кумите

Специфичноста  на каратето како вештина се наоѓа во тоа што се состои од две слични , но одделни сегменти: КАТА и КУМИТЕ.

 

 

КАТА преставува серија на борбени техники, претежно изведени во форма на стилизирана борба против замислен противник. Текот по кои се реализираат ставовите и техниките на блокадите и ударите се поврзани на одреден начин и одреден ред. Ставовите или положбите на телото, укажуваат на промени на центарот на рамнотежата и промени на положбата на стапалата во различни точки на катата. Техниката се акции, кои може да бидат офанзивни или дефанзивни и тоа во зависност од нивната примена. Катите се идеална форма на вежби кои се користат за целото тело.

КУМИТЕ е метод на тренирање во која офанзивните и дефанзивните техники практично се применуваат. Тоа е борба со противник со примена на одредени ставови, удари и блокови. Противниците се трудат да зададат еден на друг што по брзи, по прецизни и контролирани удари и блокови (со шаките и стапалата) во одредени делови на телото, а истовремено отфрлајки или одбегнувајки исто такви напади, а се со намера да се онеспособи противникот за понатамошна акција. Во борбата се применуваат и различни методи на нарушување на рамнотежата на противникот со намера да во даден момент му се пласира удар во незаштитена витална точка од телото. Специфичните ставови и посебниот начин на движење допринесуваат за ефикасен напад и одбрана.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*