Сакате да ја задржите витаката линија која конечно сте ја постигнале ова лето? Тоа е навистина можно само со многу мали промени, кои вам ќе ви овозможат во престојните месеци да се чувствувате убаво и витко.
Ако во текот на летото успеавте Вашата “линија” да ја доведете во ред, сигурно сте горди на себе и преполни со самодоверба, но, ладните денови кои следат носат со себе закана, бидејќи во нас предизвикуваат глад, а со самото тоа можат да предизвикаат и повторно дебелеење. За да ја избегнете таа опасност, делувајте превентивно. Донесете нови навики, со кои ќе го спречите дебелеењето.
Појадувајте
Најважен оброк во текот на денот е појадокот и тоа е нешто што морате апсолутно да го знаете. Никако не смеете да го ибегнувате. Постојат луѓе кои го избегнуваат, поради тоа што мислат дека на тој начин помалку ќе се здебелат, но тоа е сосема погрешно размислување кое навистина води до дебелеење.
Пијте повеќе вода
И ова е нешто што веќе го знаете, но многу од нас и не го прават тоа. Водата хидратизира, но и го помага делување на метаболизмот, го забрзува и на тој начин спречува дебелеење. Императив е најмалку два литри дневно, но ако и таа количина ја прејдете, нема да погрешите.
Повеќе растителни влакна
Секако, препорачливо е зголемен внес на храна богата со растителни влакна. Наместо месо и јаглени хидрати, често јадете мешунки, житарки и останати продукти богати со растителни влакна. Зошто?
-Тоа е храна која содржи малку калории, а го подобрува варењето на храната. Освен тоа, е добра и за линијата, а исто така добра е и за нашето здравје.
Драгоцени протеини
Иако некои особи во текот на диетата ги избегнуваат, факт е дека протеините се добри по ншето здравје. Само еден протеински оброк долго време нè држи сити, а ни дава и доволно енергија. Помалку е познато дека и со внесот на протеините во огранизмот се намалува желбата за слатки.
Движете се
Ни една здрава исхрана нема да може да помогне ако не се движите. Ако немате време за вежбање во теретана или други редовни спортски активности, воведете повеќе движење во секојдневниот живот. Избегнувајте го лифтот, а користете ги скалите. Наместо автомобил или автобус, настојувајте барем дел од патот да го испешачите. Со движењето ние си ја осигуруваме виткоста, но и здравјето.