Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Велешките извидници ПРВИ во генерален пласман

Велешките извидници ПРВИ во генерален пласман

veleski-izvidnici-prviНа покана на ИО “Илинден“ од Скопје, извидниците од нашиот одред  земаа учество на републичките извидничките средби Богомила 2010, кои беа организирани во истоименото село во периодот од 22 до 24 октомври оваа година. Нашиот одред учество земаа 5 патроли,а на средбите учествуваа патроли од следните извиднички одреди:  ИО “Методи Митевски -Брицо“,ИПО “Галеб“, ИПО “Јадран“ и ПСИО сите од Скопје, ИО “Еригон“  од Прилеп,ИО “Скаут“ од Куманово и патролата на ИО “Наум Наумовски – Борче“  од  Крива Паланка. Програмскиот дел на средбите имаа карактер на ориентација и топографија во непознат терен. Беа организирани две ориентациони патеки од кои патролите требаше да одберат една една од нив.

Првата патека беше едноставна и бараше помала подготвеност од патролите, а втората патека беше екстремна и бараше многу голема подготвеност во делот на ориентацијата и топографијата,а и голема физичка подготвеност. Покрај ова беше потребна и голема снаодливост  а воедно и многу поголеми знаења за ориентација во природа.Покрај ориентацијата имШе и голем број на полигонски натпревари и натпревари во областа на првата помош и сигнализацијата. Благодарение на големите подготовките на нашите извидници, исите ја поминаа патеката без големи потешкотии и пречки.
Во генерален пласман нашиот одред, извидничкиот одред “Димитар Влахов“,заслужено го освои првото место, додека па во поединечна конкуренција,нашата прва одредска патрола  „ЛОШИ ДЕЦА“ го освои третото место во состав: Благој Ѓорчевски, Мартин Јошевски, Душица Тевчева и Душица Здравевска. Овие републички средби беа едни од поквалитетните и поуспешните, каде  што уествувал нашиот градски извиднички одред и со ова докажавме дека  извидништвото во Велес сеуште живее!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu