Home / Спортски настани / Спортски настани / 6 април – Меѓународен ден на спортот

6 април – Меѓународен ден на спортот

strecing_malaГенералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 6 април е прогласен за Меѓународен ден на спортот, а претседателот на оваа институција Вук Јеремиќ оцени дека преку спортот се искажуваат највредните особини кај луѓето, како што се истрајноста, почитување на дисциплината и личниот интегритет и фер-плејот. На усвојувањето на оваа резолуција присуствуваа и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Жак Рог.
– Спортот има единствена моќ да ги мобилизира, привлече и инспирира луѓето ширум светот. Тој не инспирира да ги надминеме сопствените граници, изјави Јеремиќ. Покрај тоа што спортот го јакне карактерот на поединецот, Јеремиќ оцени дека тој може да послужи и како моќно средство за оддржлив развој, за кој се залагаат државите членки на светската организација.
Нагласувајќи дека спортот е универзален јазик, претседателот на Генералното собрание додаде дека спортот е моќно средство за постигнување мир и воспоставување примирје.
– Спортот може да ги поврзе луѓето, а етничките, верските и економските поделби „да паднат“ во сенка заедно со предрасудите, стравовите и неразбирањето, истакна поранешниот шеф на српската дипломатија.
Тој изрази длабока почит кон спортистите со инвалидитет, кои според него храбро ги надминуваат телесните недостатоци и ги победуваат негативните стереотипи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu