Home / Спортски настани / 6 Април – Меѓународен ден на спортот за развој и мир

6 Април – Меѓународен ден на спортот за развој и мир

На 23 Август 2013 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации усвои Резолуција (67/296) со која 6 Април се  прогласува за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. Преку спортот се искажуваат највредните особини кај  лугето, како што се истрајноста, почитување на дисциплината и личниот интегритет и фер-плеј. Спортот има единствена моќ да ги мобилизира,привлече и инспирира луѓето ширум светот.  Тој не инспирира да ги надминеме сопствените граници. Спортот го јакне карактерот на поединецот и може да послужи како моќно средство за одржлив развој. Тој е универзален јазик и моќно  средство за постигнување мир. Спортот може да ги поврзе луѓето, а етничките, верските и  економските поделби да паднат во сенка заедно со предрасудите,стравот и недоразбирањето.
Редовната физичка активност и игра се неопходни за физички,ментален, психолошки и социјален развој. Истражувањата покажуваат дека добрите навики се развиваат рано и физички активните деца веројатно  остануваат активни и кога ќе пораснат.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu