Home / Спортски настани / 6 Април – Меѓународен ден на спортот и мирот

6 Април – Меѓународен ден на спортот и мирот

New PictureСо резолуцијата на Генералното собрание на Обединети Нации, 6 Април е прогласен за Меѓународен ден на спортот и мирот. Преку спортот се искажуваат највредните особини кај лугето, како што се истрајноста, почитување на дисциплината и личниот интегритет и фер-плеј. Спортот има единствена моќ да ги мобилизира,привлече и инспирира луѓето ширум светот. Тој не инспирира да ги надминеме сопствените граници. Спортот го јакне карактерот на поединецот и може да послужи како моќно средство за одржлив развој. Тој е универзален јазик и моќно средство за постигнување мир. Спортот може да ги поврзе луѓето, а етничките, верските и економските поделби да паднат во сенка заедно со предрасудите,стравот и недоразбирањето. Редовната физичка активност и игра се неопходни за  физички,ментален,психолошки и социјален развој. Истражувањата покажуваат дека добрите навики се развиваат рано и физички активните деца веројатно остануваат активни и кога ќе пораснат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu