Home / СУС Велес / СУС Велес / УЗУС втор во регионот – исток

УЗУС втор во регионот – исток

Во рамките на ракометните натпревари во регионот – Исток на Федерацијата на училишен спорт на Mакедонија, машката ракометната екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ зема учество на споменатите натпревари. Во лигата на регионот – исток учество земаа следните училишни екипи и тоа:

-ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес
-СОУ “Славчо Стојменски – Штип
-СОУ “Кочо рацин“ – Св.Николе

Во рамките на натпреварите постигати се следните резултати и тоа:
СОУ “Славчо Стојменски, Штип – СОУ “Кочо Рацин“, Св.Николе   24 – 22 (16-14)
СОУ “Кочо Рацин“, Св.Николе – ССОУ “Коле Неделковски“, Велес 20 – 25 (12 – 16)
ССОУ “Коле Неделковски“, Велес – СОУ “Славчо Стојменски, Штип 23 – 27 (13 – 19)

Според покажаните резултати екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес е втора на регионалните натпревари или вкупно земено на ниво на држава го завзема осмото место. Од оваа зона на државно првенство се пласира само една екипа и тоа екипата на СОУ “Славчо Стојменски, Штип, а додека екипата од Берово е директен учесник на државното првенство поради организатор на истото. Државното првенство ќе се одржи во Берово во периодот од 5-7.4.2013 год.  Натпреварите се организаираа во Спортска сала ООУ “Херој Карпош“ Куманово на 25.3.2013 год. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ ја водеше Ангелче Гушев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*