Home / Спортски настани / 1000 голови за Кире Лазаров

1000 голови за Кире Лазаров

kire11000 голови  стојат зад името на Кире Лазаров. Македонскиот репрезентаивец во дресот на Барселона е  првиот ракометар во историјата што ја достигнал бројката од 1.000 гола во Лигата на шампионите. Бројка која е тешко достижно постигнување во светскиот ракомет.
Со петтиот погодок на Лазаров за Барселона во дуелот со ПИК Сегед за водство на каталонците со 29-27  беше историскиот 1.000 гол на македонскиот капитен во најелитното европско ракометно натпреварување. Барселона благодарејќи на двата погодоци на Кире лазаров  во финишот успеа да победи со 28-30, за своја втора победа во третиот меч од ЛШ сезонава.
Лазаров ја игра својата 15-та сезона во Лигата на шампионите. Лазаров има две титули најдобар стрелец во ЛШ, во сезоната 2005/2006 со Веспрем (85 гола) и во сезоната 2007/2008 (96 гола) со екипата на Загреб. Македонскиот реперезентаивен  капитен константно е во врвот на најелитното ракометно натпреварување во кое минатата сезона за прв пат ја освои шампионската титула со Барселона.
За Кире Лазаров ова е трето големо постигнување во кариерата. На СП 2009 во Хрватска, Лазаров стана најдобар стрелец во историјата на светските ракометни првенства со 92 погодоци, а три години подоцна, на ЕП 2012 во Србија, постигна 61 гол што е најдобро постигнување во историјата на европските шампионати.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu