Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес први на зонските натпревари во организација на ФУСМ

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес први на зонските натпревари во организација на ФУСМ

На 20.12.2023 год. (среда) во спортската сала при СОУ “Гоце Делчев“ во Валандово во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија (ФУСМ), се одиграа зонските натпревари во одбојка (машки) за средни училишта – ЗОНА ВЕЛЕС.

ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес

По одигрувањето на натпреварите најдобра беше екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес која продолжува на регионалните натпревари. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес ја предводеше професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.

За екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ настапија: Давид Николов 2-7, Дарко Жабев 2-6, Драган Ставрев 1-1, Баже Николов 3-8, Мартин Ковиловски 4-5, Мартин Настовски 4-4, Бојан Анишиќ 2-6, Петар Неделчев 2-5, Марко Ташов 2-5 и Матеј Амбарков 1-7 клас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*