Home / СУС Велес / Франкофонските спортски игри во Велес

Франкофонските спортски игри во Велес

franko1Средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ – Велес во соработка со Францускиот институт од Скопје во периодот од 28 -30 април 2015 год., ги организира Франкофонските спортски игри, во рамките на Франкофонија 2015. На овие Франкофонски спортски игри (Jeux sportifs de la francophonie à Veles) учество ќе земат ученици од училиштата од општините Велес, Градско и Лозово.
Франкофонските спортски игри беа отворени од вд Директорот на ССОУ “Кoле Неделковски“, г-дин Боро Ристовски, а по интонирањето на химните на Македонија и Франција почнаа да се реализира спортските натпревари помеѓу учениците од девето одделение од ООУ “Св.Кирил и Методиј“ и учениците од прва година при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес . Овој натпревар се одржа денес 28.4.2015 година. (вторник). Воедно сакаме да нагласиме дека во среда 29.04.2015 год. (среда), следуваат натпреварите помеѓу ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и ООУ “Методи Митевски – Брицо“ – од Лозово и ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и ООУ “Даме Груев“ од Градско. Франкофонските игри завршуваат во четврток на 30.4.2015 год. (четврток) со натпреварот помеѓу ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и ООУ “Васил Главинов“ – Велес . Натпреварите се од ревиален карактер. Воедно сите учесници на овие спортски игри имаат можност да се запознаат со Француската државна химна, француската поезија и француската спортска химна Але але. Целна група на училишта кои се поканети на овие Франкофонски игри се училишатата каде се изучува францускиот јазик.  Свечено доделување на Благодарниците и признанијата на учесниците во спортските натпревари ќе се одржи на 30.4.2015 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во спортската сала при нашето училиште. Координатор на манифестацијата “Франкофонски спортски игри во Велес “ во рамките на Франкофонија 2015 , Светлана Стојкова наставник по француски јазик и м-р Ангелче Гушев, наставник по спорт и спортски активности.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu