Home / Спортски настани / Формирано здружението “Велес Бајкинг“

Формирано здружението “Велес Бајкинг“

bike

ЗГ „Велес Бајкинг“ – Велес преставува здружение на граѓани-вљубеници во велосипедизмот кое е основано во ноември 2014, иако како група постои од пред повеке од две години, најпрво како мала Facebook група наменета за организирање на неделни настани за да по две години групата брои 172 члена, од кои во најголемиот број се пасионирани вљубеници на велосипедизмот, без разлика дали е MTB или road патека.

Групата “Велес Бајкинг“ која прерасна и во здружение во текот на овие две годишни активности организираше преку 50 организирани настани, во која активно учество земаа најголемиот број на членови, наши преставници земаа учество на скоро сите поголеми велосипедски настани во Р.Македонија, а во рамките на Велешка питијада, се организираше и еднодневна рекреативна тура “Велес 2014 off road велосипедска тура“. На овој несекојдневен настан за Велес учество земаа голем број на Велешани, а секако имавме голем интерес и од другите градови на Р.Македонија, и како посебно да се нагласиме соработката со велосипедска група – “Karavan tim” од Ниш, Р.Србија.
Со зачленувањето во здружението “Велес Бајкинг“-Велес секој член ќе има одредени бенефити во поглед на:
• организирано патување на настаните кои следуваат
• добивање на разни попусти за маички или други спортски обележја
• разни попусти за кои ние како здруженија ќе се избориме во поглед на попуст за купување на велосипеди, разни сервиси и др.
• учество во работата на здружението, давање предлози, креирање на патеки, учество во проектите кои се од здружението и сл.
ЗГ “Велес Бајкинг“-Велес е група на љубители на велосипедизмот кои се отоворени за секаква помош, како и за разни спортски активности , а секако и за дружења. Излезете и возете велосипед, со тоа си помагате себеси, му помагате на вашето тело, а најважно од се оставате позади себе чиста еколошка свест !!! Повеќе информации околу здружението на: http://velesbiking.mk/

м-р Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu