Home / СУС Велес / Учество на регионалната К1 телевизија

Учество на регионалната К1 телевизија

Во рамките на утринската програма “Утрински зрак“ на регионалната К1 Телевизија на 6.4.2017 год. (четврток), а по повод Меѓународниот ден на спортот учениците од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес , Ѓоре Цветков од 3-5 и Филип Ајдаров од 3-7 клас заено со својот професор по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев беа гости во телевизијата. 6 Април Светкиот ден на спортот беше повод да се проговори за освоеното трето место на државното првенство во одбојка во Прилеп во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Во рамките на емисијата се разговараше за  подготовките на училишната екипа и за целокупниот пат до учеството на државното првенство преку победите на општинските, зонските и регионалните натпревари, потоа за интересот за спортот и спортски активности, потоа и за интересот за одбојката како спортска игра. Со учениците од нашето училиште се разговараше за нивниот интерес и период на тренирање на одбојката како колективен спорт и како дошле до идеја да го практикуват овој спорт. Во рамките на разговорот се проговори и за развојот на спортот во Велес, работата со младите категории, поддршката од Општина Велес и Градоначалникот на град Велес, но и од бизнис секторот во градот, едукацијата на спортските работници. На крајот од разговорот учениците се заблагодарија на наставниците при училиштето за разбирањето кое го имаа во текот на целиот натпреварувачки периодот на одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ .

 

м-р Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu