Home / Спортски настани / Учество на Олимпијада, сон на кајакарите Спасиќ и Мирчевски

Учество на Олимпијада, сон на кајакарите Спасиќ и Мирчевски

kajak2Учество на Oлимпијада е сон на речиси секој спортист. Но патот до олимпијадата е полн со напорни тренирања и подготовки кои спортистите мора да ги поминат. Па така и нашите најдобри сениори кајакари, Љубомир Спасиќ кој годинава беше спортист на Велес  и  Борче Мирчевски 10 сортист на нашиот град,  секојдневно тренираат во водите на реката Вардар. Право на учество на олимпијадата која ќе се одржи во Бразил во Рио има само еден кајакар кој ќе има најдобри резултати. Љубомир Спасиќ  вели дека иако условите во кои тренираат не се идеални, сепак мотивацијата и желбта за успех доминираат. Oсвојувањето на олимписката норма ќе биде остварување на неговиот сон потенцираше тој.
Борче Мирчевски исто како и Спасиќ  се подготвува за пласман на светското првенство кое ќе се одржи во Лондон, каде ќе се бори да извојува олимписка норма.
Почетоците на двајцата кајакари се слични. Едниот започнал да тренира поради занимливоста на спортот, а другиот пак покрај своите маалски другари кои во тоа време биле дел од кајакарските клубови во Велес.
Тренинзите и учеството на натпреварите се многу важни за кајакрите да одржуваат континуитет и баланс во својата кариера, се согласија  Мирчевски и Спасиќ. За еден од нив да постигне олимписка норма потребно е најпрво да се пласира  на  европските натпреварувања кои можеби ќе бидат карта пропусница за светско првенство во Лондон.
Двајцата кајакари имаат освоени бројни  први места, награди и пофалници како на домашна така и на странска сцена. Иако е тешко да се избере еден најзначаен натпревар, Спасиќ  издвои еден од почетокот на неговата кајакарска кариера. Најзначајна титула за  Мирчевски пак,  е прогласувањето за „Државен јуниоски  првак“  во 2010 година. За кајакарите нема зима, тие тренираат  на +10, но и на -10 степени.  Тренинзите во зимо се тешки, особено  во услови во кои тие тренираат.  Кајакари ви држиме палци и се надеваме дека ќе го остварите сонот кој долго време
го сонувате.

Извор: www.velestvonline.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu