Home / Спортски настани / Трет велешки пливачки маратон

Трет велешки пливачки маратон

маратон1На 27.8.2016 год. (сабота) во водите на езерото Младост се одржа третиот велешки пливачки маратон кој воедно ја доби својата завршница. Пливањето се одвиваше на 2.5, 5 и 10 километри кои воедно беа и трите дисциплини во кои се натпревауваа 50 пливачи, професионалци и рекреативци. Пливачите беа поддржани и од огромен број на граѓани како од градот така и од целата држава.
Најдолгата трка во 10 километри прв ја заврши Евгени Поп Ацев пливајќи 2 часа 15 минути и 29 секунди. Кај жените прва исплива Евита Насевска со време од 3 часа 11 минути и 59 секунди.
Бранимир Ивановски беше маратонецот кој прв ги испливаа петте километри. Во женска конкуреција најдобра беше Миа Крстевска.
Кај аматерите во машка конкуренција на 2,5 километри победи Дарко Поп Ацев, а кај девојките Марија Ристовска. Кај пливачите на истата патека победи Тони Симовски, а кај жените Јана Костадиновска.
Организатори на пливачкиот маратон беа членовите на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ секако со поддршка на Општина Велес. Маратонот е веќе традиционална манифестација што е дел од Програмата за спорт на Општина Велес.
Зад техничката организација стоеше професионалниот тим на Пливачката федерација на Македонија. Но во организацијата на ваков вид на спортска манифестација беа вклучени и Вардарскиот плански регион, ТППЕ, ЗГ „Вардарска регата“ и кајакарските клубови од Велес. За отоврен маратонот го прогласи градоначалникот Славчо Чадиев.
-„Секогаш со задоволство доаѓам на спортски натпревар, особено на манифестации каде што доминираат спортскиот дух и љубовта кон природата. Велешкиот пливачки маратон ги обединува во себе спортот, љубовта кон природата, но уште поважно го покажува на дело ентузијазмот на организаторот, ориетираноста на младите кон вистинските вредности и обезбедува директна комуникација меѓу нив.” – истакна во своето обраќање градоначалникот Чадиев.
Општина Велес како покровител на оваа манифестација дава максимална поддршка, се со единствена цел истата да прерасне во традиционална и да се одржува секоја година. Дополнително, тоа што Пливачкиот маратон се одржува на Езерото „Младост” оди и во прилог на промовирање на оваа локација во туристичко-рекреативна дестинација за вљубениците во сите спортови на вода но и за рекреативците и љубителите на природата.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu