Адолф Даслер по неговото враќање од Првата светска војна започнува со изработка на сопствена спортска облека и спортски патики во неговиот роден град Херзонгенаурах (Herzogenaurach), Баварија. Во 1924 на неговото правење и изработка на на спортски патики се придружува и неговиот брат Рудолф Даслер со кого истата година ја основал компанијата Gebrüder Dassler Schuhfabrik (Спортска опрема на браќата Даслер). За време на Олимпијадата во 1928 нивната компанија опремена неколку спортисти. После ова доаѓа до силен развој на компанијата, особено откако тие ќе ги креираат и направат спортските патики за Џеси Овенс за Берлинските Олимписките игри во 1936. година. Во 1948 година поради несогласување на браќа Даслер , Руди Даслер ја основана компанијата “Пума“, а Адолф останува во Gebrüder Dassler Schuhfabrik . На 18 август во 1949 годи. Адолф Даслер го менува името на компанијата во “Адидас“. Името на компанијата “Адидас“ го има креирано по сопствениот прекар и сопственото презиме како нејзин основач Ади (Ади надимак од неговото име Адолф) и Дас (првите три букви од неговото презимето Даслер). Адолф Даслер е роден на 3 ноември 1900 година.
проф. Ангелче Гушев