Home / Колективни спортови / Ракометниот голман …

Ракометниот голман …

7770954_origСпоред голем број на стручни лица најтешка позиција во ракометната игра е голмановата позиција. И покрај голем број на  посматрачи од страна кои велат дека не е таа позиција нај тешка. Според многумина, таа позиција е и навистина најтешка, а тоа значи многу е тешко  да си ракометен голман, затоа што сте сами во својот простор , а за помалку од секунда треба да донесете правилен или погрешен потег. Секундата може да ве направи јунак, но и трагичар, но тоа е тоа што дава посебен драж на оваа позиција. Нема подобро чуство кога ќе погледнеш колку си помогнал на својата екипа и како со секоја своја одбрана ја подигаш енергијата и моралот во екипата, а воедно соиграчите на терен ги тераш да дадат максимум од себе. Нормално е и да во лоши натпревари голманот често да е изложен на  бројни критики. Во таа ситуација многу е значајна и јаката психичка состојба на голманот, да секоја критика треба да ја прифати како мотивација за наредни активности за елиминирање на недостатоците при одбраните. Поради тоа што ракометот е интелегентна спортска игра, многу важен елемент е и интелегентниот пристап кон одбраните, размислувања за противничките играчи, анализите, инстиктите, надмудрувањата  и низа други карактеристики поради кои  голманите треба да имаат висока концентрација секогаш и во секое време и и во секоја ситиација. Навистина тука голема улога игра и соработката со одбрамбените играчи, надополнувањето со нив кое води до функционирање на играта како швајцарски часовник, затоа што треба да се сложите со мене дека ракометната игра започнува од добрата одбрана. Од сево ова доаѓаме до заклучок дека за оваа позиција мораме да бираме доста интелегентни, концетрирани, храбри, енергични и по темепераментни играчи. Темпераментот сепак е препознатлив за ракометните голмани.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu