Home / СУС Велес / Ракометарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ втори на регионалните натпревари

Ракометарите на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ втори на регионалните натпревари

На 24.32.2026 год. (вторик) во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се реализираше лигата во ракомет (м) за средно образование во рамките на Регион Исток. Натпреварите се одиграа во спортската сала Цар Самоил во Св.Николе. На овој регионален турнир учество земаа : ракометната екипа на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ Велес, СОУ “Гошо Виќентиев“ од Кочани, СОУ “Јане Сандански“ од Штип и СОУ “Гоце Делчев“ од Куманово.

Ракометната екипа на ДСУРЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес

Во финалните натпревари се сретнаа ракометните екипи на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес и СОУ “Гоце Делчев“ од Куманово.

Ракометната екипа на СОУ “Гоце Делчев“ – Куманово

Подобра беше ракометната екипа на СОУ “Гоце Делчев“ од Куманово која што победи со 19:18 (12:11). Со ова ракометната екипа на СОУ “Гоце Делчев“ од Куманово продолжува на државните натпревари.

Ракометната екипа на СОУ “Јане Сандански“ – Штип

За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес играа: Марко Цековски 3-7, Давид Ристов 2-7, Филип Велковски 3-10, Лука Станковски 3-7, Давид Стојановски 3-10, Леон Ристов 4-1, Димитар Пецев 3-1, Борјан Вељановски 2-3, Андреј Зафиров 2-10, Стефан Стојанов 2-7, Оливер Ангелов 3-1, Петар Неделчев 4-3 и Огнен Кузманов 2-3 клас. Екипата ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.

Ракометната екипа на СОУ “Гошо Виќентиев“ – Кочани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*