На 2.4.2025 год. (среда) во спортската сала при СОУ “Коле Нехтенин“ во Штип во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија (ФУСМ), се одиграа регионалните натпревари во ракомет (машки) за средни училишта – РЕГИОН ИСТОК. На регионалните натпревари се сретнаа училишните екипи на СОУ “Никола Карев“ од Струмица, Гимназијата “Гоце Делчев“ од Куманово и екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес.
По одигрувањето на натпреварите најдобра беше екипата Гимназијата “Гоце Делчев“ од Куманово, која продолжува на државните натпревари како претставник од регионот Исток. Екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес го освои третото место во регионот исток при ФУСМ. Екипата ја предводеше професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.
За екипата на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ настапија: Марко Ангелов 3-6, Марко Цековски 2-7, Панче Ристевски 4-4, Лука Станковски 2-7, Давид Стојановски 2- 10, Леон Ристов 3-1, Димитар Пецев 2-1, Борјан Вељановски 1-3, Милан Пранговски 4-4, Андреј Зафиров 1-10, Стефан Стојанов 1-7, Оливер Ангелов 2-1 и Огнен Кузманов 1-3 клас.
м-р Ангелче Гушев