Home / СУС Велес / Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ втори во Општина Велес

Ракометарите на ССОУ “Коле Неделковски“ втори во Општина Велес

Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес, во периодот од 15 февруари до 1 март 2017 година се реализираше општинската лига – ракомет (машки) во која што учество земаа сите четири средни училишта од Велес. Натпреварите се организираат во спортската сала “Гемиџии“. Ракометната екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес составена од дванаесет ракометари беше предводена од професорот по спорт и спортски активности Ангелче Гушев. Ракометната екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес го освои второто место пред училишните екипи на СОУ “Димитрија Чуповски“ и СОУ “Јовче Тесличков“. Екипата на СОУ “ Гимназија Кочо Рацин“ е најдобрата ракометна екипа од општинските натпревари и ќе продолжи да се натпреварува во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и тоа на натпреварите од зонски и регионален и карактер.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu