Home / Спортски настани / Професорот Ангелче Гушев – најуспешен спортски педагог за 2017 во Велес

Професорот Ангелче Гушев – најуспешен спортски педагог за 2017 во Велес

Во рамките на манифестацијата Избор на спортист на град Велес за 2017 година во организација на Општина Велес и Сојузот на спортови на Велес на 29.12.2017 год. (петок) на бродот “Панини“ на Велешко езеро, професорот по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, м-р Ангелче Гушев беше прогласен за најуспешен спортски педагог за 2017 година. Во оваа 2017 година ги има постигнато следните резултати во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојуз на уч илишен спорт на Велес:
– Трето место на државното првенство во одбојка во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Прилеп во периодот 30.3. до 2.4.2017 год во СОУ “Ристе Ристевски – Ричко“
– Трето место на државното првенство во одбојка на песок во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Скопје на 1.6.2017 год. во СОУ “Никола Карев“
– Врво место на регионалното првенство во одбојка во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија организирано во Штип на 23.2.2017 год во ООУ “Димитар Влахов“
– Прво место на општинската лига во одбојка во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 10-15.2.2017 год. во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“
– Второ место на општинската лига во ракомет во организација на Сојуз на училишен спорт на Велес во периодот од 1-20.3.2017 год. во Спортската сала Гемиџии во Велес
– Учество на државното првенство во Атлетика во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија , организирано на 5.5.2017 год. на Телеком Арена во Скопје со учениците Енис Небиовски и Дарко Илиевски кои се натпреваруваа во две дисциплини и тоа во трките на 100 метри и фрлање на ѓуле. Во дисциплината фрлање на ѓуле Енис Небиовски го освои петтото место со фрлени 8.94 метри, а Дарко Илиевски седмото место со фрлени 7.56 метри од пријавени 16 учесници. Додека во дисциплината 100 метри Дарко Илиевски го освои 8 место, а Енис Небиовски го освои 14 место од пријавени 26 учесници.
– Учество на новиот систем на Зонски натпевари – зона ИСТОК во одбојка организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и тоа на турнирите организирани во Струмица и Велес со освојување на второ место на на овој тип натпревари во периодот од октомври до декември 2017 год.
– Под менторство на професорот Ангелче Гушев капитенот на училиштата одбојкарска екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, ученикот од 4-5 клас Филип Ајдаров се стекна со стипендија за најуспешни млади спортисти до 20 години како член на Национална спортска федерација со комплексен систем на натпревари – Федерација на училишен спорт на Македонија преку Сојузот на училишен спорт на Велес
– Професорот Ангелче Гушев е еден од организаторите на велосипедската тура на релација Велес – Војница – Велес, родното место на Коле Неделковски. На оваа велосипедска тура со должина од 30 километри, учество земаа 15 ученици и наставниците по спорт и спортски активности од училиштето
– Под водство на професорот Ангелче Гушев 10 ученици од училиштето земаа учество во манифестацијата Европска недела на мобилност која се реализираше на 22.9.2017 год. (петок), а во организација на Општина Велес и тоа со учество на учениците од основните и средни училишта.
– Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“ во кои што учествуваат сите средношколци од Велес. Реализирајќи ги програмските активности од проектот на 15.9.2017 год. (петок) на терените за одбојка на песок во Градскиот парк во Велес ученици од ССОУ “ Коле Неделковски“ Филип Ајдаров 4-5 клас и Ѓоре Цветков 4-4 клас го освоија првото место, а додека пак Никола Зазов и Даниел Тодоровски 3-6 клас го освоија трето место во одбојка на песок. Учениците беа водени под менторство на професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев. На турнирот учество земаа седум екипи а во женска конкуренција 5 екипи
– Професорот Ангелче Гушев во 2017 година има објавено и два научни трудови кои се објавени во списанието со инпакт фактор Истражување во Кинезиологијата и тоа од меѓународен карактер и тоа темите: “Структурални разлики во антропометриските варијабли и моторните спсобности помеѓу учениците од различни средни училишта“ и “Мултиваријантна и униваријантна анализа на одредени антрипометриски мерки и моторни тестови кај учениците во средното образование“
– Во 2017 година Професорот Ангелче Гушев ја објави и својата нова спортска книга “Спортот и здравата храна – наше секојдневие

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu