Home / СУС Велес / Презентација на пеливанското борење како нај мултиетнички спорт

Презентација на пеливанското борење како нај мултиетнички спорт

pelivan2На 8.4.2016 год. (петок) во рамките на програмата за прославување на меѓународниот ден на спортот и мирот – 6 Април и активностите поврзани со мултиетничката интеграција во образованието , средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ од Велес и пеливанскиот клуб “Пеливан“ од Велес кој воедно е и член на Федерацијата за пеливанско борење на Македонија, организираа презентација на пеливанското борење како нај мултиетнички спорт и основа на развој на боречките спортови во Република Македонија, кој воедно е најтрофеен олимписки спорт во нашата држава.
Во рамките на презентацијата на пеливанското борење, во целата демострација на техниката на овој боречките спорт учество земаа двајца активни пеливани членови на пеливанскиот клуб “Пеливан“: Авди Џемаили и Камбери Кадир предводени од Генералниот секретар на Федерацијата за пеливанско борење на Македонија, Гоце Станчев кои што заедно со именуваните пеливани во целост ги преставија правилата на пеливанското борење и нејзините боречки карактеристики.
Во знак на благодарност за добра соработка и можноста за презентација на пеливанското борење, Федерацијата за пеливанско борење на Македонија на овој настан додели и Благодарници и тоа на: на средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ од Велес, на Тимот за училишна интеграција при средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ од Велес и на професорото по спорт и спортски активности и организатор на овој настан, м-р Ангелче Гушев.
Целокупниот настан за преставување на пеливанското борење, медиумски беше проследено со директно вклучување со видео мост во националната ТВ Нова и Регионалната К1 ТВ и снимање на настанот од локалните ТВ Канал 21 и ТВ Здравкин

DSC_0070

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu