Home / Спортски настани / Потпишување на меморандум за имплементација на проектот „традиционални спортски игри (спортски бон-тон)”

Потпишување на меморандум за имплементација на проектот „традиционални спортски игри (спортски бон-тон)”

bon ton 1Денес во резиденцијата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во својство на покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)”, се одржа свечена церемонија по повод потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу носителот на проектот, Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал” – Скопје и градоначалниците на општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и на Свети Николе, кои се вклучени во проектот.
Целта на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија. Проектот кој се одржува трета година по ред, и е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, има за цел да влијае за надминување на стереотипите и предрасудите, и суштински да придонесе за градење на дух на толеранција, заедништво и почитување кај младите во Република Македонија.
Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)” беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување” беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.
Оваа година, проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” ќе се реализира во периодот од јуни до ноември 2014 година преку спортско-културни манифестации во секоја од наведените општини.

Извор: https://www.facebook.com/macedonianpresident

https://www.facebook.com/cadievslavco

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu