Home / Спортски настани / Поранешните ЈУ републики на ракометното ЕУРО 2016 во Полска

Поранешните ЈУ републики на ракометното ЕУРО 2016 во Полска

2015.05.01 KRAKOW ARENA PILKA RECZNA HANDBALL MIEDZYNARODOWY TURNIEJ W PILCE RECZNEJ MEZCZYZN KRAKOW KATOWICE EUROPEAN CUP MECZ EGIPT - BRAZYLIA (EGYPT - BRAZIL) N/Z PILKA EURO ILUSTRACYJNE FOTO NORBERT BARCZYK / PRESS FOCUS

Ракометарите на  репрезентациите од поранешните ЈУ републики кои се учесници на ЕП во Полска 2016 се горди што се дел од репрезентациите на своите земји и генетски  го носат својот менталитет за добро играње на турнирските натпревари. Се е можно, затоа што сите тие знаат да играат ракомет. Хрватска секогаш е кандидат за медаља, србите без Илиќ и Вуин во овој момент немаат некои големи шанси. Ракометарите на Црна гора се далеку од борба за медал но голем е успех за нив е што имаат пласман на ЕП. Ракометарите на Македонија се доста јаки, големи борци предводени од најдобриот шутер во светот на ракометот, Кире Лазаров и се надеваат на шест натпревари на ЕП Полска 2016. И на крај словенците имаат јака репрезентација со доста добри играчи предводени од неворојатен тренер.  Под притисок на јавноста во словенечката репрезентација беше вратено едно од најдобрите десни крила во Европа, Драган Гајиќ.
Како и секоја година пред ваков вид на големо ракометно натпреварување, новинарите од шест републики од поранешна ЈУ ја пуштија својата “слободна мисла“ и се најдоа во улога на селектори на една замислена репрезентација, која и оваа година како и изминатите  ќе беа страв и трепет  дури и за Французите. Новинарите не може да гласаат за играчите од својата држава, а последниот глас го даде и публиката . Без гласот на народот  никаде не можеме да одиме.

Ова е идеалниот состав и неговиот резервен состав, заедно со тренер и негов помошник.
Голман: Мирко Алиловиќ
Пикер: Алем Тоскиќ
Лево крило: Мануел Штрлек
Лев бек: Момир Илиќ
Среден бек: Домагој Дувљак
Десен бек: Кирил Лазаров
Десно крило: Драган Гајиќ
Одбрана: Јаков Гојун

Резерви:
Дарко Станиќ (голман)
Дејан Манасков (лево крило)
Иван Слишковиќ (лев бек)
Деан Бомбач (среден бек)
Марко Копљар (десен бек)
Иван Чупиќ (десно крило)
Стојанче Стоилов (пикер)
Велко Марковски (одбрана)

Тренер:
Веселин Вујовиќ

Пом. тренер
Ивица Обрван

м-р Ангелче Гушев

извор: http://www.balkan-handball.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu