Home / Спортски настани / Спортски настани / Планинарите Ѓорѓиев и Хаџи-Ристова на прием кај Градоначалникот на Велес

Планинарите Ѓорѓиев и Хаџи-Ристова на прием кај Градоначалникот на Велес

cadiНа 16.08.2013 (петок) во Општина Велес, градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот, Александар Колев остварија средба со планинарите Тоше Ѓорѓиев и Марија Хаџи-Ристова кои остварија големи успеси искачувајќи ги врвовите Дамаванд и Монт Блан. Марија го освои највисокиот врв во Европа – Монт Блан, додека Тоше се искачи на еден од највисоките врвови во Азија, а највисок во Иран Дамаванд. За само една недела знамето на Велес се развиори на највисоките врвови на Европа и Азија. Тие денес заедно ги споделија доживувањата а исто така искажаа голема благодарност кон градоначалникот и општината за поддршката која им беше дадена. На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев честитајќи им го успехот на двајцата алпинисти истака дека тој и општината секогаш настојуваат да им се помогне на луѓето кои покажуваат напредок во спортските резултати и да се поддржат во рамки на можностите. „Навистина го сметам за подвиг тоа што Вие го правите – со многу љубов кон природата, со ентузијазам, да остварувате многу големи успеси”. – рече градоначалникот Чадиев. Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес го искажа своето задоволство од постигнатите успеси на овие двајца велешки алпинисти кои со своите активности ја промовираат и својата општина. Тој напомена дека со самото тоа што советниците изгласа поддршка јасна е насоката по која се движи работата на Советот и Општината. „Искрено се надевам дека и во иднина ќе имаме повеќе средства од буџетот на општината за слични проекти”. – напомена претседателот Колев. Општина Велес и во понатамошниот период ќе продолжи со давањето поддршка на сите млади луѓе, на сите ентузијасти, научници и спортисти што имаат потенцијал и амбиции да бидат најдобри. Нивната промоција во светот во исто време е и промоција Велес и Македонија.

превземено од: https://www.facebook.com/Општина-Велес/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu