Home / СУС Велес / Отворен спортски ден на Велес

Отворен спортски ден на Велес

Сојузот на училишен спорт на Велес во соработка со Општина Велес на 11.5.2017 год. (четврток)  организираа ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН на град Велес. Отворениот спортски ден се реализираше на повеќе локации во Велес и тоа за учениците од основните училишта се спортуваше во следните спортските сали и тоа: во ООУ “Васил Главинов“ каде се играше одбојка, потоа во ООУ “Блаже Конески“ каде се играше футсал и во ООУ “Благој Кирков“ каде се играше кошарка. Додека пак учениците од средните општински училишта спортуваа на градскиот стадион каде се играше фудбал, потоа во спортската сала “Гемиџии“ каде се играше кошарка, потоа во градскиот парк се играше одбојка на песок и тенис на тениското игралиште во градскиот парк. Сојузот на училишен спорт на Велес за сите училишта од Велес обезбеди и по три топки и тоа за кошарка, одбојка и футсал. На оваа спортска активност учениците од ситеосновни и средни училишта од Општина Велес беа предводени од своите наставници по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности . По завршувањето на спортскиот ден се одржа и средба со Општинскиот инспектор за образование и спорт , г-ѓа Македонка Виларова каде што се разгледаа целокупните активности во текот на денот и воедно беа оценети како одлично организирани.  Овој тип на отворени спортски денови продолжуваат и во наредните денови и тоа на 13.5.2017 год. (сабота) на градсскиот стадион во Велес каде ќе се игра фудбал за младинци и ветерани, а на 19.5.2017 год. (петок) ќе се организираа спортски активности за децата од предучилишна возраст од детската градинка во Велес , а на која што учество ќе земат повеќе од 300 деца.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu