Home / СУС Велес / Отворен спортски ден за најмладите во Велес

Отворен спортски ден за најмладите во Велес

Сојузот на училишен спорт на Велес во соработка со Општина Велес и вработените при ОЈУ ДГ “Димче Мирчев“ на 19.5.2017 год. (петок) на градскиот стадион во Велес организираа ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН на град Велес. Отворениот спортски ден се реализираше на теренот на градскиот стадион кој беше претворен во еден голем комплекс на станици на кој што учество земаа повеќе од 300 деца на возраст од 5 до 6 години од сите шест објекти на ОЈУ ДГ “Димче Мирчев“ спортуваа и се забавуваа.

Полигон станиците кои беа формирани имаа имаа активности со спортск-рекреативен карактер и тоа со голем број на штафетни игри, хокеј на трева, водење на топка, шутирање на топка, прескокнувања, трачања, ползења, влечење на јажиња, совладувања на препреки.

За сето ова да биде по успешно, полигон-станиците ги водеа професорите по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности од Велес во соработка со повеќе од 20 преставници од наставниот кадар на од ОЈУ ДГ “Димче Мирчев“, инструкторите од здружението Open Fun Football од Скопје и лекарскиот тим.

Сојузот на училишен спорт на Велес и ОЈУ ДГ “Димче Мирчев“ за сите учесници на овој тип на спортски активности обезбедија и освежителни и пијалоци.  По завршувањето на спортскиот ден се се разгледаа целокупните активности во текот на денот и воедно беа оценети како одлично организирани.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu