Home / СУС Велес / Одбојкарски натпревари по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“

Одбојкарски натпревари по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“

Во рамките на активностите по повод патрониот празник на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, на 7.12.2016 год. (среда) во спортската сала при училиштето, се организираа спортски активности со учество на екипи од основните општински училишта “Васил Главинов“ и “Блаже Конески“ од Велес. Учениците од прва година при училиштето и ученици од деветите одделенија од основните општински училишта се натпреваруваа во одбојка во машка и женска конкуренција, а натпреварите беа од ревиален карактер. Спортските натпревари беа проследени од регионалната ТВ К1 од Велес.

Ментори на спортските екипи беа:
Весна Николова и ТатјанаАрсова – ООУ “Васил Главинов“ – Велес
Петре Жабев – ООУ “Блаже Конески“ – Велес

Ментори на училишните спортски екипи на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес
м-р Ангелче Гушев
Златко Здравковски
Леонид Таневски

 

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu