Home / СУС Велес / Одбојкарите од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес добија признанија и финансиска поддршка за освоеното прво и трето место во одбојка и одбојка на песок во организација на ФУСМ

Одбојкарите од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ – Велес добија признанија и финансиска поддршка за освоеното прво и трето место во одбојка и одбојка на песок во организација на ФУСМ

Во рамките на сто шеесет и седум ученици од основните и средните училишта во Велес и 66 ментори одбојкарите ученици  Дарко Жабев, Бојан Анишиќ, Драган Ставрев, Давид Николов, Кристијан Коцевски, Лука Панов, Марко Ангелов, Матеј Амбарков, Петар Неделчев и Стефан Димовски  предводени од нивниот ментор м-р Ангелче Гушев од  ДСУ РСЦОО “Коле Неделковски“ – Велес добија награди и признанија од Општина Велес за нивните постигнати успеси на државни натпревари (трето место државно првенство во одбојка и прво место државно првенство во одбојка на песок) во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија за учебната 2024/2025 година. Во нивна чест на 12.11.2025 год.  во Големата сала на Општина Велес се доржа свечена манифестација на која градоначалникот Марко Колев им ги врачи признанијата  и им посака уште поголеми успеси секоја наредна година. Финансиска поддршка и признанија добија 123 ученици и 44 ментори од општинските основни училишта и 44 ученици и 22 ментори од општинските средни училишта.

„Втора година по ред општината ги наградува овие ученици за да ги мотивира и охрабри да продолжат по истиот пат, по патот на успехот. Им честитам на сите наградени ученици и секако на нивните ментори за вложениот труд и за постигнатите резултати“, истакна Колев.

Иницијативата да се наградат учениците кои постигнале успеси и надвор од воспитно – образовниот процес и школските активности е на градоначалникот Марко Колев со тенденција да стане традиција и своевиден поттик за учење, творење и постигнување резултати. Наградите и признанијата се врачија во чест на одбележувањето на празникот на градот, 9 Ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*